Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.

Join the forum, it's quick and easy

Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.
Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Месечина
Мај 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Calendar Calendar

Анкета
online survey
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди

Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

Астероиди 50254_146336615409267_661_n

На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето Very Happy

Comments: 0

Latest topics
» Жртви на вселенските истражувања
Астероиди EmptyНед Окт 24, 2010 4:06 pm by DarkAngelMKD

» една забелешка
Астероиди EmptyЧет Окт 14, 2010 5:49 pm by anti-spam-master

» Четири телескопи за онлајн сликање на ѕвезди
Астероиди EmptyСре Окт 13, 2010 10:45 pm by DarkAngelMKD

» Астрономијата го одбележа дваесеттиот век
Астероиди EmptyВто Окт 12, 2010 10:41 pm by DarkAngelMKD

» Слика од јадрото на Халеевата Комета
Астероиди EmptyВто Окт 12, 2010 10:20 pm by DarkAngelMKD

» Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Астероиди EmptyВто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

» Ауригиди
Астероиди EmptyПон Окт 11, 2010 9:22 pm by DarkAngelMKD

» Ориониди
Астероиди EmptyПон Окт 11, 2010 8:42 pm by DarkAngelMKD

» Персеиди
Астероиди EmptyПон Окт 11, 2010 8:33 pm by DarkAngelMKD

Statistics
Постојат b>12 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Marija

Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
In total there is 1 user online :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 1 Гост

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 22 во Пет Окт 08, 2021 11:35 pm
RSS feeds


Yahoo! 
MSN 
AOL 
Netvibes 
Bloglines 


Social bookmarking

Social bookmarking reddit      

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website


Астероиди

Go down

Астероиди Empty Астероиди

Пишување by DarkAngelMKD Пон Окт 04, 2010 5:02 pm

Астероиди Asteroide-thumb
Астероидите, понекогаш наречени и мали планети, се небесни тела од нашиот Сончев систем кои орбитираат околу Сонцето. Помали се од планетите, но поголеми се од метеородите.
На 1 јануари 1801 година, Џузепе Пиаци открил објект за кој тој прво мислел дека е комета. Но откако точно му била одредена патеката било јасно дека тоа не е комета, туку повеќе како мала планета. Пиаци ја нарекол Церес, според Римската божица на житото. Во следните неколку години биле откриени уште три такви (Палас, Веста и Јуно). До крајот на деветнаесетиот век биле откриено неколку стотини. До овој момент има неколку стотици илјади, а секоја година се откриваат по илјада нови.
Астероидните објекти составени од карпи и метали кои орбитираат околу Сонцето, но се премногу мали за да се сметаат како планети. Тие имаат големина од неколку сантиметри до над 1000 km во дијаметар. Некои се откриени внатре во орбитата на Земјата, а некои и зад орбитата на Плутон. Сепак главно се концентрирани во еден регион меѓу орбитите на Марс и Јупитер, наречен астероиден појас. Некои имаат орбити кои се сечат со патеката на Земјата, поради што во минатото некои од нив имаат и паднато врз неа. За тоа сè уште сведочат бројни кратери на површината на Земјата, но сепак поголемиот дел од нив ги избришала ерозијата.
Постои дебата за класификацијата на астероидите, кометите и месечините. Многу планетарни сателити по ништо не се разликуваат од обичните астероиди. Малите месечини на Марс - Демос и Фобос, дел од сателитите кај сите гасни џинови во повеќе карактеристики се слични со астероидите отколку со големите сателити.

Потекло

Астероидите се остатоци од материјалот од кој се создал Сончевиот систем. Една теорија вели дека тие се остатоци од планета која била уништена од судар одамна во минатото. Но научниците сметаат дека според составот и количеството на астероидите, оваа теорија отпаѓа. Пресметано е дека вкупната маса на сите астероиди кога би се собрала во еден објект, тој не би имал ни 1500 km во дијаметар, речиси двојно помалку од дијаметарот на Месечината. Во сета таа маса Церес, 933 km во дијаметар, учествува со 25%.
Голем дел од нашето знаење за астероидите доаѓа од испитувањето на парчињата кои паднале на површината на Земјата. Астероидите кои се на патека со Земјата се наречени метеороиди. Кога метеороид паѓа во атмосферата со голема брзина, при триењето тој се забавува создавајќи светла линија позната како метеор. Ако метеороидот не согори сосема, она што останало паѓа врз Земјата се нарекува метероит.

Класификација

Астереоидите се класифицираат според нивниот хемиски состав и според позицијата во Сончевиот систем.

Класификација според хемискиот состав

Астероидите се делат на три основни типови според хемискиот состав и албедото (рефлектирана во однос на упатена светлина):
  • Ц-тип, такви се повеќе од 75% од сите познати астероиди, составени се од силикати, екстремно се темни (албедо 0,03).
  • С-тип, 17%, релативно светли (албедо од 0,1 до 0,22), составени од никел-железо измешани со железни и магнезиум-силикати.
  • М-тип, најголемиот дел од останатите, светли (албедо од 0,1 до 0,18), чист никел-железо.
  • Постојат и други типови кои се многу ретки.

Заради различното албедо, различната тежина со која се забележуваат, процентите погоре можеби не ја претставуваат вистинската распределба на астероиди.
Од сите познати метероити, 92,8% се составени од силикатни (карпи), 5,7% железо и никел, а остатокот се мешавина од овие три елементи. Карпестите се многу тешки да се препознаат, бидејќи по ништо не се разликуваат од обичните камења.

Класификација според позицијата во Сончевиот систем

Aстероидите се делат и според позицијата во Сончевиот систем:

  • Главен астероиден појас: се наоѓа меѓу орбитите на Марс и Јупитер на оддалеченост од 2 до 4 АЕ од Сонцето. Понатаму се делат на неколку групи наречени според главниот астероид во групата;
  • Блиски астероиди на Земјата: оние чија орбита е многу блиска со Земјината;
  • Атенци: главната полуоска им е помала од 1 АЕ, а растојанието во афел им се поголеми од 0,983 АЕ;
  • Аполони: главната полуоска им е поголема од 1 АЕ, а растојанието во перихел им се помали од 1,017 АЕ;
  • Амори: перихелот им е на растојание од 1,017 до 1,3 АЕ;
  • Тројанци: се наоѓаат во лагранжовите точки на Јупитер. Познати се неколку стотици такви, но се претпоставува дека ги има повеќе од илјада. Чудно е тоа што ги има многу повеќе во предната, отколку во задната лагранжова точка. Исто така постојат и неколку мали Тројанци на Венера и Земја.
  • Кјуиперов Појас: (види подолу).
  • Ортов Облак: (види подолу).


Проучување на астероидите

Бидејќи астероидите се составени од истиот материјал како Сончевиот систем во своите рани фази, астрономите се многу заинтересирани за нивно проучување. Вселенските летала кои имаат прелетано низ Главниот Астероиден Појас имаат откриено дека тој е прилично празен, односно дека астероидите се наоѓаат на големи растојанија помеѓу себе. Пред 1991 единствените информации за астероидите ги добивавме од набљудувањата кои ги вршевме од Земјата. Таа година вселенското летало Галилео го посети астероидот 951 Гаспра, со што тој стана првиот астероид од кој имаме фотографии со висока резолуција. Подоцна, во 1993, Галилео повторно прелета близу астероид, но овој пат 243 Ида. Двата се класифицирани како S-тип астероиди, составени од силикати богати со метали. Од тогаш се извршени уште две прелетувања на астероиди (253 Матилда и 433 Ерос), двете извершени од сондата NEAR (подоцна прекрстена NEAR-Shoemaker).

Кирквудови празнини

Во главниот астероиден појас постојат релативно празни региони, уште познати и како Кирквудови празнини. Ова се региони каде орбиталниот период на астероидот би бил проста дропка со Јупитеровиот. Објект со таква орбита многу е веројатно да биде забрзан од Јупитер и поместен во друга орбита.

Ортов облак

Во 1950 Јан Орт забележал дека ниту една комета нема орбита која индицира дека дошла од меѓуѕвездениот простор, туку дека афелот на сите долго-периодични комети се наоѓа на растојание од околу 50.000 ае и дека нема некоја особена насока од каде доаѓаат. Од ова заклучил дека кометите потекнуваат од голем облак на самиот крај од Сончевиот систем. Тој облак денес го носи неговото име. Статистички е утврдено дека тој содржи еден билион (милион милиони) јадра на комети. За жал, поради малите димензии на кометите, не постои директен доказ за постоењето на Ортовиот Облак. Тој можеби содржи голем дел од масата во целиот Сончев систем, можеби дuрi повеќе од Јупитер (сепак ова е само шпекулација!).

Кјуиперов појас

Кјуиперовиот Појас е дисковидна област која започнува од зад орбитата на Нептун, од 30 АЕ, па се до 100 АЕ од Сонцето. Тој содржи мали ледени објекти кои се смета дека се јадра на кратко-периодичните комети. Понекогаш врз орбитата на некој објект од појасот гравитационо влијаат џиновските планети така што објектот ја сече орбитата на Нептун. Тогаш многу е веројатно дека Нептун гравитационо ќе го исфрли или надвор од Сончевиот систем или навнатре, кон џиновските планети, па дури и кон внатрешните делови од системот.

Кентаури

Откриени се астероиди т.н. Кентаури кои што ги сечат орбитите на надворешните планети. Нивните орбити се нестабилни и со сигурност во иднина тие ќе се променат. Составот им е многу сличен со кометите од Кјуиперовиот Појас, па затоа се смета дека токму тие некогаш биле исфрлени од Непутн кон џиновските планети. Најголемиот од нив Хирон е околу 170 км во дијаметар, 20 пати поголем од јадрото на Халеевата комета. Ако некогаш тргне на пат кон Сонцето, тоа ќе биде навистина спектакуларна комета.
Чудно, но многу е веројатно дека астероидите од Ортовиот Облак, иако денес се наоѓаат подалеку од Кјуиперовиот Појас, биле формирани поблиску до Сонцето. Така е бидејќи малите објекти кои биле формирани близу големите планети биле исфрлени од Сончевиот систем при блиските средби со „џиновите“. Оние кои не избегале сосема го формирале Ортовиот Облак. Во исто време, оние астероиди кои се формирале подалеку, никогаш не ни биле исфрлени и останале таму каде се „родиле“.
Проценките се дека има барем 35.000 објекти во Кјуиперовиот Појас кои се поголеми од 100 км во дијаметар, што е неколки стотини пати повеќе (и помасивно) од бројот на објекти во главниот астероиден појас.

Интересно

Некои астрономи сметаат дека Тритон, Плутон и неговиот сателит Хирон се само примери на најголеми објекти во Кјуиперовиот Појас.
DarkAngelMKD
DarkAngelMKD
Администратор
Администратор

Број на мислења : 145
Join date : 2010-10-03
Age : 34
Местолокација : Струга

http://www.saad.con.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот