Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.

Join the forum, it's quick and easy

Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.
Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Месечина
Мај 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Calendar Calendar

Анкета
online survey
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди

Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

Макемаке 50254_146336615409267_661_n

На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето Very Happy

Comments: 0

Latest topics
» Жртви на вселенските истражувања
Макемаке EmptyНед Окт 24, 2010 4:06 pm by DarkAngelMKD

» една забелешка
Макемаке EmptyЧет Окт 14, 2010 5:49 pm by anti-spam-master

» Четири телескопи за онлајн сликање на ѕвезди
Макемаке EmptyСре Окт 13, 2010 10:45 pm by DarkAngelMKD

» Астрономијата го одбележа дваесеттиот век
Макемаке EmptyВто Окт 12, 2010 10:41 pm by DarkAngelMKD

» Слика од јадрото на Халеевата Комета
Макемаке EmptyВто Окт 12, 2010 10:20 pm by DarkAngelMKD

» Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Макемаке EmptyВто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

» Ауригиди
Макемаке EmptyПон Окт 11, 2010 9:22 pm by DarkAngelMKD

» Ориониди
Макемаке EmptyПон Окт 11, 2010 8:42 pm by DarkAngelMKD

» Персеиди
Макемаке EmptyПон Окт 11, 2010 8:33 pm by DarkAngelMKD

Statistics
Постојат b>12 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Marija

Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
In total there is 1 user online :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 1 Гост

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 22 во Пет Окт 08, 2021 11:35 pm
RSS feeds


Yahoo! 
MSN 
AOL 
Netvibes 
Bloglines 


Social bookmarking

Social bookmarking reddit      

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website


Макемаке

Go down

Макемаке Empty Макемаке

Пишување by DarkAngelMKD Пон Окт 04, 2010 4:48 pm

Макемаке Makemake_nasa_big
Макемаке (планета-џуџе (136472) Макемак) е третата најголема позната планета-џуџе во Сончевиот систем и еден од двата најголеми објекти во Кујперовиот појас (КПО). Дијаметарот на планетата е три четвртини од оној на Плутон. Макемаке нема познати сателити, што го прави единствен од КПО. Екстремно ниската просечна температура (околу 30 К(-243.15 °C)) значи дека неговата површина е покриена со мраз од метан, етан и можеби азот.
Всушност, позната како 2005 FY9 (подоцна по името планета-џуџе број 136472) беше откриена на 31 март 2005, од тимот предводен од Мајкл Браун и откритието беше соопштено на 29 јули 2005. Неговото име доаѓа од богот Макемаке на народот Рапануи. На 11 јуни 2008 Меѓународната астрономска унија (МАУ) го вклучи Макемаке како потенцијален кандидат за добивање на статус „плутоид“, термин за џуџести планети, кои се наоѓаат зад орбитата на Нептун, распоредени меѓу Плутон и Ерис. Макемаке беше формално класифицирана како плутоид во јули 2008.

Откривање

Макемаке беше откриен на 31 март 2005 од тимот во опсерваторијата Паломар предводен од Мајкл Браун и откривањето беше соопштено во јавноста на 29 јули 2005. Откривањето на Ерис беше соопштено пред јавноста истиот ден, што беше само два дена подоцна по соопштвувањето за отткривањето на Хаумеа.
Поради неговата релативна светлост (околу една петина посветло од Плутон), Макемаке не беше откриена како некои други објекти во Кујперовиот појас. Многу истражувања за минорни планети се предводени релативно близу до еклиптиката (делот на небото на кој Сонцето, Месечината и планетите се појавуваат лажно видено од Земјата) поради големата веројатност таму да се проннајдат објекти. Тоа, најверојатно го избегнувало откривањето при раните испитувања поради неговата релативно висока орбитална инклинација и фактот дека тоа било најдалечното растојание од еклиптиката во времето на откривање на северното соѕвездие Вероникина коса.
Освен Плутон, Макемаке е единствената останата планета-џуџе, која е доволно светла за Клајд Томбо да можел да ја забележи за време на неговото истражување на Транс-Нептунските планети околу 1930. Во време на Томбовото испитување, Макемаке бил само некоклу степени од еклиптиката, близу до границата на соѕвездијата Бик и Аурига, со видлива магнитуда од 16.0. Оваа позиција, и покрај тоа била многу близу до Млечен пат и Макемаке била речиси невозможно да се најде во позадината од ѕвезди. Томбо го продолжил истражувањето неколку години по откривањето на Плутон, но не успеал да го открие Макемаке или некои други Транс-Нептунски објекти.

Име

Привремената ознака за Макемаке беше дадена кога откритието беше сооштено пред јавноста. Пред тоа, тимот заслужен за откривањето на објектот го користел името „Велигденски зајак“, бидејќи откривањето беше кратко по Велигден.
Во јули 2008, според МАУ правилата за класични објекти од Кујперовит појас 2005 FY9, на објектот му било дадено името создавач на божества. Името Макемаке, создавачот на човештвото и бог на плодноста во митовите за Рапануи, Велигденски острови,било избрано, делумно и да се зачува поврзаноста на објектот со Велигден.

Орбита и класификација

Од 2009, Макемаке е на растоојание од 52 астрономски единици од Сонцето; речиси толку далеку до Сонцето, колку што му треба за да ја помине својата орбита. Макемаке има орбита, многу слична со онаа на Хаумеа: висока орбитална инклинација на 29° и умерена орбитална ексцентрија од 0.16. Сепак, орбитата на Макемаке е малце подалеку од Сонцето, во услови на двете мали оски и перихел. Неговиот орбитален период е близу 310 години, што е повеќе од Плутоновите 248 години и оние 283 на Хаумеа. И Макемаке и Хаумеа се далеку од разстојанието на аглестата еклиптика од 29°. Макемаке ќе биде во својот афел во 2033, додека Хаумеа беше во својот афел во 1992
Макемаке е класифициран во групата на класични објекти во Кујперовиот појас, што значи дека неговата орбита лежи доволно далеку од Нептун за да остане постојано во Сончевиот систем. Спротивно од плутиноидите, кои може да ја пресечат орбитата на Нептун поради нивата резонанца во однос 2:3 со планетата, класичните овбјекти имаатe перихел подалеку од Сонцето, ослободени од пертуербацијата на Нептун. Таквите објекти имаат релативно мали екцентриции (e е помало од 0.2) и орбитираатоколу Сонцето слично како и другите планети.И покрај тоа, Макемаке припаѓа во групата на „динамично жешки“ класични објекти во Кујперовиот појас, што значи дека има повисока инклинација во споредба со останатите објекти. Исто така е можно, Макемаке да е во резонанца со однос 11:6 во однос на Нептун, иако истражувањата во иднина, тоа сигурно точно ќе го докажат.
На 24 август 2006, Меѓународната астрономска унија (МАУ) соопшти нова формална дефиниција за терминот „планета“, која издаде тројна поделба на објектите кои орбитираат околу Сонцето: „мали тела со Сончеви системи“ се премногу мали објекти за нивната гравитцаија да може да ја обликува нивната површина во кржен облик; „планета џуџе“ е објект, доволно голем за да биде во кружен облик, но објект кој сѐ уште ја нима исчистено својата орбита со објекти слични на него; „планета“ е објект кој е доволно голем за да биде тркалезе од својата гравитација и кој ја има исчистено својата орбита со објекти слични на него. Според оваа поделба Плутон, Ерис и Церес беа посочени како планети-џуџиња.
На 11 јуни 2008, Меѓународната астрономска унија изврши подетална поделба на планетите џуџиња: плутоиди за оние планети-џуџиња откриени зад орбитата на Нептун. Ерис и Плутон се плутоиди, додека Церес не е. За да биде плутоид, објектот мора да биде и светол со апсолутна магнитуда од +1 или помалку,што значи дека само Макемаке и Хаумеа треба да бидат вклучени.На 11 јули 2008, групата за класифицирање при Меѓународната астрономска унија го вклучи Макемаке во групата на плутоиди, во група со Плутон и Ерис.

Физички карактеристики

Светлина, големина и ротација

Макемаке е вториот најсветол објект во Куперовиот појас, веднаш по Плутон, имајќи опозиција с и видлива магнитуда од околу 16.7 во соѕвездието Вероникиеви коси. Ова е доволно светло за да биде видливо со употреба на аматерски телескоп. Високото албедо на Макемаке (околу 80 %) претпоставува просечна температура на површината од околу30 К (-243.15 °C). Големината на Макемаке не е точно позната, но откривањето во инфрацрвена светлина со телескопт Спитцер, во комбинација со сличностите на спектрата со Плутон дава проценет дијаметар, во должина од 1.500 ±400 km . Ова е нешто подолго од дијаметарот на Хаумеа, веројатно правејќи го Макемаке третиот најголем Транс-Нептунскин објект, по Ерис и Плутон. Макемаке е именуван како четвртата планета-џуџе во Сончевиот систем, бидејќи е светол со апсолутна магнитуда од −0.48.[3] Ова практично гарантира дека Макемаке едоволно голем за да развие хидростатична рамнотежа и да стане сплескана топка.
До јули 2008 периодот на ротација на Макемаке не беше познат, бидејќи ообјектот не покажуваше видливи фотометрички варијации.Има две можни причини за ова: атмосферата на Макемаке е замрзната до површината, пружајќи доволна хомогеничност или може да биде свртена кон еден од половите на Земјата. Од другата причина се очекува голема асиметрија на површината: моментно невидливата летна хемисфера има неколку непостојаности во однос на зимската хемисфера.

Спектар

Во текстот напишан во списанието Астрономија и астрофизика во 2006, бил даден извештај за мерењата на видливиот спектар и инфрацрвената светлина на Макемаке. Нив ги користеа телескопите Вилијам Хершел и Галилео и покажаа дека површината на Макемаке of Makemake наликува на онаа на Плутон. Како и Плутон, Макемаке се појавува во црвена боја во видливиот спектар, но значително посветло од Ерис. Инфрацрвената светлина е обележана со пространиот метан. Метан е откриен и на Плутон и на Ерис, но неговата видливост не е толку забележителна.
Спектарските анализи на површината на Макемаке покажуваат дека метанот мора да е форма на зрна со големина од 1 cm. Освен тоа, можно е да има и етан и толини создадени од фотолиза на метанот со соларна радијација. Толините, најверојатно се одговорни за црвената боја на видливиот спектар. Иако постојат докази за присуство на азотен мраз на површината на Макемаке, во најмала рака помешан со друг мраз, никаде нема приближно онолку азотен мраз, колку на Плутон и Тритон, каде што претставува 98% од покривката. Релативниот недостаток на азотен мраз претпоставува дека неговото снабдување, некако се исцрпило низ годините на СОнчевиот систем.

Атмосфера

Присуството на метан и можеби азот претпоставува дека Макемаке има краткотрајна атмосфера, слична на онаа на Плутон при неговиот перихел. Постоењето на атмосфера, исто така овозможува природно објаснување за исцрпувањето на азот: бидејќи гравитацијата на Макемаке е послаба од онаа на Плутон, Ерис и Тритон, големо количество на азот се изгубило поради атмосферско губење; метанот е посветол од азотот, но значително помалку испарува, при температури, како оние на површината на Макемаке (30–35K (-243.15 - -238.15 °C)), кои го спречуваат неговото губење; резултатот од овој процес е поголемо релативно изобилство на метан.

Природни сателити

Засега не се откриени сателити околу Макемаке. Сателит со светлост од 1% од основната би бил откриен доколку се наоѓа на растојание од 0.4 минути или подалеку од Макемаке. Ова се разликува од останатите транс-Нептунски објекти, кои сите имаат барем еден природен сателит. Ерис има еден, Хаумеа има два и Плутон има три. Од 10% д 20% од сите транс-Нептунски објекти се очекува да имаат еден или повеќе сателити. Како што сателитите нудат едноставен метод за мерење на масата на објектот, така отсуството на сателит на Макемак ја отежнува прецизната проценка на неговата маса.
DarkAngelMKD
DarkAngelMKD
Администратор
Администратор

Број на мислења : 145
Join date : 2010-10-03
Age : 34
Местолокација : Струга

http://www.saad.con.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот