Месечина
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD
На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето
Comments: 0
Latest topics
Statistics
Постојат b>12 регистрирани членовиНајновиот регистриран член е Marija
Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
In total there is 1 user online :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 1 Гост Никој
Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 22 во Пет Окт 08, 2021 11:35 pm
Social bookmarking
Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Плутон
Страна 1 of 1
Плутон
Плутон е најоддалечената планета-џуџе од Сонцето официјално означена како Плутон 134340. Откриен е во 1930 година од американскиот астроном Клајд Томбо. На конгресот на Меѓународнaтa астрономскa унија одржан на 24 август 2006 за прв пат беше дефиниран терминот планета. Според оваа дефиниција Плутон не претставува планета и од тогаш официјално се вбројува во групата на планети-џуџиња. Со оваа одлука Соларниот систем во моментов има само 8 планети. По големината Плутон е помал од седум природни сателити кои орбитираат околу други планети во Сончевиот систем: (Месечината, Јо, Европа, Ганимед, Калисто, Титан и Тритон). Дијаметарот на Плутон е 2274 km. Тој орбитира на просечна оддалеченост од 5.913.520.000 km (39,5 AU) од Сонцето. Времето потребно еднаш да го заобиколи Сонцето (или должината на неговата планетарна годината) изнесува 248,54 земјни години. Тој околу својата оска се завртува за 6,39 земјини денови. Радиусот на Плутон исто така не е познат со сигурност. Вредноста од 1137 km е со грешка од +/-8 km, односно 1%.
Плутон има три природни сателити: Харон (откриен во 1978) - со кој често се сметаат заедно како двоен планетарен систем, бидејќи кружат еден околу друг, и уште две помали сателити – Никс и Хидра, отркиени во 2005-та.
Харон
Најголемиот природен сателит на Плутон, Харон, е откриен во 1978 година. Иако заедничката маса на Плутон и Харон е точно одредена (со помош на точни мерења на периодот и рaдиусот на орбитата на Харон) индивидуалните маси на Плутон и Харон тешко е да се пресметаат бидејќи тоа бара да се одредат взаемните движења околу заедничкиот центар на маси коешто е многу тешко да се измери заради малите димензии и оддалеченоста од Земјата. Односот на нивните маси е некаде помеѓу 0,084 и 0,157. Харон орбитира на 19.640 km од Плутон, а дијаметарот му е 1172 km. Неречен е според ликот од старогрчката митологија кој ги пренесувал мртвите преку реката Стикс во подземниот свет. Пред да биде откриен се сметало дека Плутон е многу поголем бидејќи матните слики од Плутон и Харон заедно изгледале како еден голем објект. /
Радиусот на Харон не се знае со голема точност. Вредноста од 586 km има грешка од +/- 13 km, повеќе од 2%. Неговата маса и густина исто така не се точно познати.
Плутон и Харон се уникатни и по тоа што не само што Харон ротира синхроно, туку и Плутон. Затоа тие цело време се свртени со иста страна еден кон друг. Харон е најголемиот сателит во однос на матичната планета во Сончевиот систем, поради тоа и се јавува меѓусебната ротација на двете тела.
Составот на Харон не е познат, но неговата мала густина (околу 2 g/cm3) укажува дека можеби е сличен како сатурновите мразести месечини. Неговата површина веројатно е прекриена со воден мраз. Интересно, тоа е прилично различно од Плутон. Харон нема атмосфера.
Температура, состав и атмосфера
Температурата на површината на Плутон варира помеѓу -235 и -210 °С (38 до 63 Келвини). Гледано низ телескоп потоплите региони се оние кои визуелно се забележуваат како потемни.
Составот на Плутон не е познат, но неговата густина (околу 2 g/cm3) укажува дека веројатно е мешавина од 70% карпи и 30% воден мраз, многу налик на Тритон. Светлите региони на површината веројатно се прекриени со мраз од азот со помали количества цврст метан, етан и јаглерод моноксид. Составот на потемните региони на површината на Плутон не е познат, но се претпоставува дека е праисториски органски материјал или фотохемиски реакции поттикнати од космичките зраци.
Атмосферата на Плутон, се состои најмногу од азот со и мала количина на јаглерод диоксид и метан. Таа е екстремно ретка бидејќи притисокот на површината е само неколку микробари, кои не се доволни да ја задржат атмосферата. Атмосферата на Плутон постои како гас само кога Плутон е близу својот перихел, а поголемиот дел од плутоновата година атмосферските гасови се замрзнати на неговата површина. За време на перихелот дел од гасовите го напуштаат, а можеби и влегуваат во интеракција со Харон.

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
Нед Окт 24, 2010 4:06 pm by DarkAngelMKD
» една забелешка
Чет Окт 14, 2010 5:49 pm by anti-spam-master
» Четири телескопи за онлајн сликање на ѕвезди
Сре Окт 13, 2010 10:45 pm by DarkAngelMKD
» Астрономијата го одбележа дваесеттиот век
Вто Окт 12, 2010 10:41 pm by DarkAngelMKD
» Слика од јадрото на Халеевата Комета
Вто Окт 12, 2010 10:20 pm by DarkAngelMKD
» Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD
» Ауригиди
Пон Окт 11, 2010 9:22 pm by DarkAngelMKD
» Ориониди
Пон Окт 11, 2010 8:42 pm by DarkAngelMKD
» Персеиди
Пон Окт 11, 2010 8:33 pm by DarkAngelMKD