Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.

Join the forum, it's quick and easy

Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.
Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Месечина
Мај 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Calendar Calendar

Анкета
online survey
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди

Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

Земја 50254_146336615409267_661_n

На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето Very Happy

Comments: 0

Latest topics
» Жртви на вселенските истражувања
Земја EmptyНед Окт 24, 2010 4:06 pm by DarkAngelMKD

» една забелешка
Земја EmptyЧет Окт 14, 2010 5:49 pm by anti-spam-master

» Четири телескопи за онлајн сликање на ѕвезди
Земја EmptyСре Окт 13, 2010 10:45 pm by DarkAngelMKD

» Астрономијата го одбележа дваесеттиот век
Земја EmptyВто Окт 12, 2010 10:41 pm by DarkAngelMKD

» Слика од јадрото на Халеевата Комета
Земја EmptyВто Окт 12, 2010 10:20 pm by DarkAngelMKD

» Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Земја EmptyВто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

» Ауригиди
Земја EmptyПон Окт 11, 2010 9:22 pm by DarkAngelMKD

» Ориониди
Земја EmptyПон Окт 11, 2010 8:42 pm by DarkAngelMKD

» Персеиди
Земја EmptyПон Окт 11, 2010 8:33 pm by DarkAngelMKD

Statistics
Постојат b>12 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Marija

Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
In total there is 1 user online :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 1 Гост

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 22 во Пет Окт 08, 2021 11:35 pm
RSS feeds


Yahoo! 
MSN 
AOL 
Netvibes 
Bloglines 


Social bookmarking

Social bookmarking reddit      

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website


Земја

Go down

Земја Empty Земја

Пишување by DarkAngelMKD Пон Окт 04, 2010 3:37 pm

Земја Images?q=tbn:ANd9GcTSCy5haUXzZnbbsrDlxDP3CgDkMk5hyr-4HkBerjf39MG3gNs&t=1&usg=__uUuhf38eLj8xLrCiAMH_7oiDVSQ=
Зборот „земја“ во македонскиот говор се користи за површината на која стоиме, за ситната материја од која е изграден најгорниот површински слој на нашата планета, како и за име на планетата на која жиевеме - „Земја (планета)“.
Во овој прилог ќе се фокусираме на последната дефиниција.

Земјата е една од осумте планети во Сончевиот систем. Таа е трета земја по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите “џинови”. Планетата земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање на ураниумот и ториумот. Времето на полураспаѓање на U238 е 4,51 x 109 , а Th232 е 1,39 x 1010 години.
Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од радијација (штетна по живите суштества кои ја населуваат земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до земјената површина.
Единствениот познат сателит на земјата, Месечината, почнала да кружи околу земјата пред 4,53 милијарди години. Денес, земјата прави круг околу сонцето на секои 366,26 кругови кои ги направила околу својата оска (што е еднакво на бројката од 365,26 соларни денови). Земјината оска се наоѓа под агол од 23,5° што е последица за менувањето на годишните времиња на земјината површина.
Атмосферските услови се значајно променети одкако настанал животот на планетата и ни создава еколошка рамнотежа која ги модифицира условите на површината на земјата. Околу 71% од земјината површина е покриен со вода. Земјата е единствена планета во сончевиот систем каде што водата може да остане во течна состојба. Останатите 29% се континентите и островите. Земјината површина е многу променувана во текот на многу милиони години, а причина се тектонските движења.
Земјата, исто така реагира и на надворешниот свет во одредени мери. Нејзиниот релативно голем сателит, Месечината, влијае на плимата и осеката, го стабилизира променувањето на степенот на земјината оска со што постепено ја менува должината на ротациониот период на земјата. Дождот од комети, во периодот по настанувањето на земјата, одиграла голема улога во настанувањето на океаните. Покасно, сударите со астероидите предизвикале значајни промени во земјината површина.

Историја

Научниците успеале да реконструираат детални информации за минатото на планетата. Земјата и други планети во сончевиот систем се формирале пред 4,6 милијарди години од соларна маглина, маса од прашина и гас во облик на диск кои заостанале по формирањето на сонцето. Првобитно, земјата била растопена маса, потоа е формирана надворешна обвивка на планетата Земја (Земјина кора) при ладење. Истовремено со формирањето на кората, почнало да се акумулира вода во атмосферата. Набрзо после тоа настанала и Месечината, веројатно како последица на судар со објект, со големина како планетата Марс, и 10% маса од земјата, наречена Теја.Дел од масата се споил со Земјината маса, а друг дел е исфрлен во Вселената, но доволно за да се формира Месечината.
Гасовите и вулканските активности ја создале првобитната атмосфера. Со кондензирање на водената пареа од мразот кој го донеле кометите, настанале океаните. Се верува дека високоенергетска хемиска реакција создала самоудвојување на молекулите пред околу 4 милијарди години, а пола милијарда години потоа, настанале првите облици на живот на земјата.
Развојот на фотосинтезата овозможил животинските форми директно да ја користат сончевата енергија. Кислородот кој настанал во тој процес и оној кој се акумулирал во атмосферата се претворил во озонска обвивка во горната атмосфера. Инкорпорацијата на малку од клетките допринела во развојот на комплексни клетки кои се нарекуваат еукариотт. Озонската обвивка ги абсорбирала ултравиолетовите зраци, што овозможило понатамошен развој на живите клетки на земјата.Земјината површина во текот на стотина милиони години постојано го менувала својот облик, се формирале континенти и подоцна се губеле, мигрирале и со текот на времето, спојувајки се, формирале суперконтиненти. Пред околу 750 милиони години, најстариот познат суперконтинент, Родинија, почнал да се дели на континенти, кои повротно, пред околу 600-540 милиони години, се прекомбинирале и се соединиле во друг суперконтинент, Панотија, по што конечно го формирале Пангеа, која се растурила пред околу 180 милиони години. На почетокот на шеесетите години на 20 век, се претпоставувало дека измеѓу 750 и 580 милиони години, постоела ледена активност на земјата, што довело до нејзино прекривање на површината со слој на мраз. Оваа хипотеза е наречена „Снежна Земја“ и е многу важна бидејки и претходела на Камбриумската експлозија која го условила создавањето на повеќеклеточните организами.
По Камбриумската експлозија(нагло развивање на животот) имало пет масовни уништувања. Последното уништување се случило пред 65 милиони години, кога метеорит удрил во Земјата и со тоа е предивикано исчезнувањето на диносаурусите и другите големи Рептили, иако некои мали животни, цицачи, преживеале. Во текот на 65-те милиони години, цицачите се размножиле и настанале многубројни видови, а пред неколку милиони години, африканските мајмуни успеале да се исправат на две нозе. Ова овозможило користење на разни орудија и допринело во развојот на комуникацијата, која влијаела на стимулацијата во развојот на големиот мозок. Развивањето на цивилизациите овозможило лиѓето да влијаат на земјата во многу краток период на начин на кој не влијаело ниту едно друго живо суштество.

Структура и состав на земјата

По големина, земјата е петта во сончевиот систем. За разлика од некои други планети, земјата не е гасовит џин, каква што е Јупитер на пример. Земјата има цврста површина како и Меркур, Венера и Марс, од кои земјата е најголема, со најголема густина, најсилна гравитација и најсилно магнетно поле. Генерално, земјата се состои од атмосфера, биосфера, хидросфера и нејзините внатрешни градби под површината.

Облик на земјата

Обликот на земјата многу наликува на ротационен елипсоид. Сепак, ова геометриско тело, кое до пред неколку години се користело за интерпретација, не одговара во потполност со обликот на земјата. Поради тоа елипсоидот во научните истражувања е заменет со новиот, приближен облик – геоид. Масата на Земјата е приближно 5,98 x 10(24)кг.
Ротацијата на земјата доведува до екваторијалната испакнатост, така што екваторијалната должина е за 43км поголема од половата. Најголеми локални девијации на површината на земјата се Монт Еверест (8.848 метри надморска височина), Маријана Тренч (10.911 под водната површина). Според тоа, во споредба со совршен елипсоид, земјата има толеранција од 1:584 или 0,17%, што е за 0,22% помалку од дозволената толеранција кај топка во билјардот. Поради испакнатоста, најдалечната точка од центарот на земјата е планината Чимборазо во Еквадор.

Хемиски состав на земјата

Според хемискиот состав на земјата, во најголем дел ја сочинуваат: железо (32,1%), кислород (30,1%), силициум(15,1%), магнезиум (13,9%), сулфур (2,9%), никел (1,8%), калциум (1,5%) и алуминиум (1,4%), а преостанатите 1,2% ги сочинуваат мали количини на други елементи. Пред сегрегацијата на тежината, се верува дека кората во основа била сочинета од: железо (88,8%), мали количини на никел (5,8%), сулфур (4,5%), а помалку од 1% биле хемиските елементи кои подоцна се појавиле во поголеми количини.

Атмосфера

Земјината атмосфера има повеќекратна улога. Таа ја штити земјата од помали метеори така што предизвикува нивно целосно согорување пред тие да стигнат до површината на земјата. Азотот и кислородот во атмосферата, заедно со земјиното магнетно поле, ја штитат земјата од радијацијата која би била смртоносна. Земјината атмосфера нема точно одредена граница, бидејки како што поминува времето таа станува се побледа и поретка. Атмосферата ја сочинуваат повеќе слоеви, а се протега на повеќе од 100км над површината. Нејзе ја сочинуваат: 78% азот, 21% кислород, 0,93% аргон, 0,03% јаглерод диоксид и мали количини на водена пареа и други гасови. Слоеви на атмосферата:
  • тропосфера (до височина од околу 12км) е најнискиот и најгустиот дел од атмосферата во кој се одвиваат сите временски појави. Во овој слој температурата опаѓа ви зависност од висината. Содржи голема количина на водена пареа.
  • стратосфера (до височина од околу 50км) содржи озон кој не штити од штетните зрачења во вселената. Во пониските слоеви, температурата е постојана, а во повисоките се зголемува. Ветровите кои дуваат во стратосферата достигнуваат брзина од неколку стотини км/ч.
  • мезосфера (до височина од околу 85км) е слој во кој се случува нагло опаѓање на температурата.
  • јоносфера или термосфера (до височина од околу 500км) содржи јони, наелектризирани честички. Во овој слој на атмосферата, под влијание на сончевиот ветер, се создава поларна светлина. Температурата се накачува се до височина од 400км.
  • егзосфера. Егзосферата е прелазен прстор кон вакуумот. Таа е слој со многу разредени гасови и се простира на височина од над 500 km.

Преодните простори помеѓу слоевите на атмосферата се: тропопауза, стратопауза и мезопауза.

Клима

Најнискиот слој на атмосферата е тропосферата. Сончевата енергија го загрева овој слој и земјината површини, предизвикувајки експанзија на воздухот. Помалку густиот воздух се подига и се заменува со поладниот, тој со поголема густина. Како резултат на овој процес се појавува атмосферската циркулација (струење) која на климата и временските пригоди им овозможува редистрибуција на топлината. Основните атмосферски циркулаторни потфати се состојат од ветровите во екваторијалниот појас под 30° географска ширина, западно помеѓу 30° и 60° географска ширина. Сепак, океанските струи се исто така значајни фактори во одредувањето на климата, а посебно термохалинската струја која топлата енергија на екваторијалните океани ја дистрибуира кон поларните региони.
Водената пареа, која се генерира преку површинското испарување, се транспортира во атмосферата. Кога атмосферските услови овозможиле подигнување на топлиот влажен воздух, водата се кондензира и се враќа на површината преку дождот. Поголем дел од водата паѓа на мали височини и со помош на речните системи се префрлува во океаните, езерата, морињата. Овој воден циклус е механизам кој има витално значење за преживувањето на копното и претставува примарен фактор во процесот на ерозија на површината во текот на геолошките периоди. Количината на дождот варира зависно од пределите, од неколку метри вода за една година до помалку од милиметар вода за истиот период.

Биосфера

Досегашните изучувања водат кон тоа дека земјата е единственото место на кое постои живот. Животните облици ја сочинуваат биосферата на планетата. Се претпоставува дека биосферата на земјата започнала пред околу 3,5 милијарди години. Животните заедници (биоми) настанале низ целата површина на земјата, од малкубројни на арктикот и Антарктикот, до многубројни во областа околу екваторот.
Функционирањето на биосферата се заснова врз нејзините различни екосистеми, врз принципот на кружење на материите во глобални размери итн. Основните елементи (јаглерод, кислород, водород, азот и др.), организмите ги вградуваат во органските соединенија во своето тело. Органската материја поминува низ ланеците на исхрана и на крајот се разложува и минерализира. На тој начин основните елементи се враќаат во надворешната средина, од каде што повторно можат да бидат искористени. Оваа патека на основните елементи го претставува биогеохемискиот циклус на земјата, кој може да се потврди за секој елемент посебно.

Хидросфера

Земјата е единствената планета во сончевиот систем на чија површина има вода во течна агрегатна состојба. Водата покрива 71% од земјината површина. Најголемиот дел од водените површини се морињата (97%), а останатиот дел е слатка вода (3%). Водата на планетата Земја постои поради спој на неколку погодни услови: орбитата околу Сонцето, вулканите, гравитацијата, ефектите на стаклена градина, магнетното поле и големите количина на кислород во атмосферата.
Земјината орбита се наоѓа надвор од областа во која е доволно топло за да се задржи водата. Без ефектот на стаклена градина кој ја зачувува топлината во атмосферата, водата на Земјата би се замрзнала. Палеонтолошките истражувања наведуваат на расцепување на земјината површина во време кога ефектот на стаклена градина привремено исчезнал, а површината се замрзнала во текот на следните 10 до 100 милиони години.
На планетите како што е Венера, под влијание на ултравиолетовите зрачења, водената пареа се разложува на водород и кислород, водородот се јонизира и (реакција на сончевиот ветер) излегува низ надворешните слоеви на атмосферата. Ослободениот кислород се врзува за минералните слоеви на површината. Овој процес е бавен, но се смета за главна причина поради која на Венера нема вода. На Земјата, озонската обвивка ги впива поголемиот дел на ултравиолетовите зрачења во високите слоеви на атмосферата и го намалува смртоносниот процес. Освен тоа, Магнетосферата ја штити јоносферата од штетните влијанија на сончевиот ветер.
Вулканските процеси постојано исфрлаат водена пареа од внатрешноста. Проценето е дека минералите во земјината обвивка содржат 10 пати повеќе вода од количината која ја има во океаните. Сепак, голем дел од таа водена пареа никогаш нема да биде ослободена.

Внатрешна градба на Земјата

Слично како и кај другите терестријални планети, внатрешноста на земјата е поделена на повеќе слоеви:
  • Надворешна кора:

  • континентална;
  • океанска.

  • Земјина обвивка(мантл):

  • горен дел на обвивката;
  • долен дел на обвивката;

  • Јадро:

  • надворешно јадро;
  • внатрешно јадро (барисфера).

Горната обвивка, заедно со кората, се нарекува литосфера.

Кора

Кората е надворешниот слој на земјата, на длабочина од 5 до 35км. Составена е од континентална и океанска кора. На границата на кората и обвивката се наоѓа Мохо-слој, познат како Мохоровиќиев дисконтинуитет. Материјата од внатрешноста постојано излегува на површината со помош на вулканските отвори (кратери) и пукнатините на океанското дно. Поголемиот дел од Земјината површина е помлад од 100 милиони години, додека најстарите кори на земјата се 4,4 милијарди години стари.

Земјината кора е составена од:

Хемиски состав на земјината кора
  • кислород 47%
  • силициум 28%
  • алуминиум 8%
  • железо 4.5%
  • калциум 3.5%
  • натриум 2.5%
  • калиум 2.5%
  • магнезиум 2.2%


Петролошки состав на Земјината кора

Земјината кора претежно е составена од лесно распадливи карпи, карпи со мала густина. Континенталната кора содржи гранит, додека океанската кора содржи најмногу базалт и габро.
  • Магматски карпи се најраспространети карпи на земјата. Настануваат со зацврстување на растопената маса на магма. Магматските карпи можат да настанат во длабочините на земјината кора, но и на самата површина. Овие карпи се многу цврсти.
  • Седиментни карпи настануваат непосредно на површината на земјата со таложење и збивање на остатоци од живиот свет (варовник, креда, камен јаглен) и честици на други распаднати карпи (песочни камења, глина).
  • Метаморфни карпи настануваат од магматските и седименталните карпи, под влијание на високи температури и притисок во внатрешноста на земјата.На пример, мермерот настанал со метаморфоза на варовникот.


Земјина обвивка

Под кората, до длабочина од 2900км се наоѓа земјината обвивка. Таа се состои од богати слоеви на железо и магнезиум, односно од карпи со поголема густина од оние кои ја сочинуваат кората. Притисокот зависи од длабочината, колку е подлабоко толку е повисок притисокот. Горната обвивка која се наоѓа помеѓу астеносферата и земјината кора се состои од ултрабазичните карпи: перидотит и еклогит. Астеносферата е пластична и е дебела неколку стотини километри. Карактеристична е по термодинамичките процеси кои се одвиваат во неа, т.н конвекциско струење на материите во земјината обвивка (Мантл).
Долната обвивка е дебела околу 1900 km е хетерогена, односно има разновиден (видлив) состав.

Јадро

Просечната густина на Земјата е 5515 kg/m3, а пак густината на површинските материи е околу 3000 kg/m3, што би значело дека погустата материја се наоѓа во јадрото. Во времето на настанување на земјата, пред 4,5 милијарди години, таа била прилично растопена. Во процесто кој е наречен диференцијација, тешките елементи тонеле кон средината, а полесните се собрале на површината. Затоа најголемиот дел од јадрото го сочинуваат: железо (80%), никел и силициум.
Јадрото се дели на два дела, внатрешен дел на јадрото со дијаметар од околу 1250 km и надворешно (се смета дека јадрото е течно) јадро кое има дијаметар од 3500 km. Се смета дека внатрешното јадро е во кристален облик, а дека надворешното е составено од течно железо и никел. Со струењето на растопените метали (и нивното мешање кое настанува поради земјината ротација) се создава земјиното магнетно поле. Геофизиката е наука за проучување на внатрешноста на земјата, кое се спроведува со проучувањето на сеизмичките бранови.

Тектонски плочи

Според теоријата за тектонските плочи, која е засега принаена од сите научници кои се занимават со проучување на тектонските плочи, најблиската површинска обвивка на Земјата се состои од сва слоја: литосфера, вклучувајки ја и кората, и највисокиот зацврснат дел на земјината обвивка. Под литосферата се наоѓа астеносферата, која претставува внатрешен дел на обвивката на земјиното јадро. Астеносферата се однесува како суперзагреана и екстремно вискозна течност.
Во суштина, литосферата плута по астеносферата и е раскршена на тектонски плочи. Постојат два вида на плочи: океански (на пр. Тихоокеанска плоча) и континентални плочи. Овие плочи се сегменти кои се движат релативно една во однос на друга, при тоа можат да формираат некои од следниве граници на тектонските плочи: конвергентна, дивергентна и трансформна. Најголеми тектонски (геотектонски) плочи се:
  • Афричка плоча
  • Антарктичка плоча
  • Австралиска плоча
  • Евроазиска плоча
  • Северноамериканска плоча
  • Јужноамериканска плоча
  • Тихоокеанска плоча


Земјина површина

Облиците на земјината површина варираат. Околу 70,8% од земјината површина се наоѓа под вода, вклучувајки и голем дел од континенталниот гребен. Подводната површина има различни облици, планински, вклучувајки ја и глобалната широчина на средноокеанскиот гребенски систем, како и подморските вулкани, океанските ровови и подморските кањони. Останатите 29,2% од земјината површина, кои не се покриени со вода, ја сочинуваат планините, пустините, рамнините, полињата и други геоморфолошки облици.
Површината на Земјата, од нејзиното оформување до ден денес, е во постојан процес на преобликување и тоа под влијание на тектонските движена и ерозија. Релјефните облици настанале и се менувале поради влијанијата врз тектонските плочи кои се изложени на дождови, температурни промени, хемиски реакции, глацијација, ерозија на бреговите, настанувањето на коралните гребени и ударите на големите метеори.

Орбита и ротација

Слично како и Марс, релативно во однос на ѕвездите, на земјата и е потребно во просек 23 часа, 56 минути и 4.091 секунда за ротација околу оската (ротационен период или ѕвезден ден) која ги спојува северниот и јужниот пол.
Земјата кружи по патеката на својата орбита околу сонцето за 365.2564 (револуција) главни ѕвездени денови и се наоѓа на просечна оддалеченост околу 150 милиони километри (93.2 милиони милји) од сонцето. Насоката на револуцијата на Земјата околу сонцето е спротивна од насоката на стрелките на часовникот, односно насоката на кружење на земјата околу сонцето е спротивна од насоката на кружење на сонцето околу својата оска.
Изместување од 23,5°, кое уште се нарекува и инклинација, на земјината оска предизвикува поголемо загревање и подолг ден, во текот на годината, на едната или на другата хемисфера што предизвикува циклични промени на годишните времиња.

Земјино магнетно поле

Земјиното магнетно поле може да се претстави како магнетен дипол, со два магнетски пола. Јужниот магнетен пол се наоѓа на 73° северна географска ширина и 100° западна географска должина, на островот Принцот од Велс, а северниот магнетен пол се наоѓа на 70° јужна географска ширина и 148° источна географска должина, на Антарктикот – јужно од Нов Зеланд. Оската на магнетните полови е навалена во однос на оската на географските полови за околу 11°.
Според теоријата на динамо-ефект, геомагнетното поле се генерира во внатрешноста на растопеното јадро каде што топлината создава конвекциски движења на материјалите кои ја генерираат електричната енергија. Конвекциските движења во јадрото се хаотични и во одредени периоди се јавуваат промени во насоката на движењето. Ова предизвикува промена на поларитетот на магнетното поле. Земјиното магнетно поле делува и на околниот простор. Голем регион во облик на солза, наречен магнетосфера, настанал со интеракција на Земјиното магнетно поле и соларните ветрови. На растојание од околу 65.000 km од Сонцето, притисокот на соларниот ветер се балансира со помош на геомагнетското поле. Поларната светлина настанува со интеракција на соларниот ветер и магнетосферата.
Теоретски гледано, при периодот на промена на поларитетот на магнетното поле, што се случувало повеќе пати во историјата на Земјата, додека едниот магнетен пол престанува да дејствува и додека другиот почне да дејствува, Земјата немала магнетно поле. Доколку тоа е точно, планетата во тие периоди била незаштитена од влијанијата на соларните ветрови и наелектризираните честички, кои во спротивно би биле одбиени или согорени, а тогаш можеле да стигнат до земјината површина. Тоа можело да предизвика, покрај радијација, мутација на живиот свет, појава на стерилитет и изумирање на одредени видови. Оваа теорија не е докажана но посочува на значењето на земјиното магнетно поле како природен штит од надворешните влијанија врз живиот свет.

Гравитација

Земјиното гравитационо поле предизвикува, телото кое се наоѓа слободно во воздушниот простор да почне да се движи забрзано и рамномерно кон центарот на Земјата. Забрзувањето кое се случува врз телото се нарекува гравитационо забрзување. Со геофизички мерења е потврдено дека гравитационото поле не е насекаде исто низ земјината површина. Разликите на гравитационото забрзување која се јавува при мерење на различни места на земјината површина, се појавува поради три причини:
во зависност од надморската височина (алтитуда), забрзувањето е обратнопропорционално на квадратот на растојанието од центарот на Земјата до местото на мерење;
Земјата не е во облик на топка, туку има неправилен облик со сплескани делови на половите каде што гравитационото поле е најсилно;
Земјата ротира, при што на нејзината површина се појавува центрифугална сила која е наголема на екваторот, а на истото место гравитационата сила е најслаба.
Иако центрифугалната сила се јавува на екваторот со најголем интензитет, таа е околу 300 пати послаба од силата на привлекување.
Гравитационото забрзување, на некои места на физичката површина на Земјата, може да биде пресметано на следниот начин:
Земја 18f29c10
каде што:
  • φ - географска ширина
  • h - висина измерена во метри

Во висина на ниво на морето, h=0 m :
  • на екваторот(φ=0°) : g=9,7803 m/s2
  • за географса ширина (φ=45°) : g=9,8063 m/s2
  • на половите (φ=90°) : g=9,8322 m/s2

Гравитационата сила ја задржува месечината (природен сателит) во нејзината орбита околу земјата. За возврат месечината влијае на животот на земјата со тоа што влијае на плимата и осеката.

Природни ресурси и искористување на земјата

На Земјата постојат ресурси кои се експлоатираат од луѓето за различни потреби. Некои од нив се необновливи ресурси, како што се фосилните горива, кои е невозможно да се обноват бидејќи се создавале во текот на друг геолошки период од остатокот на билки и животни. Големи лежишта на фосилни горива се наоѓаат во Земјината кора, а се состојат од јаглен, петролеј, природни гасови и метан. Луѓето ги користат овие лежишта за производство на енергија и како суровини во хемиското производство. Минералните руди, исто така настанале во Земјината кора во текот на процесот на генеза на рудите, која резултирала од ерозијата и тектонските плочи[28]. Овие руди се наоѓаат на местата со најголема концентрација на многу од металите и други корисни хемиски елементи.
Земјината биосфера произведува многу корисни биолошки продукти за луѓето, вклучувајки храна, дрво, лекови, кислород и рециклирање на многу органски отпади. Копнениот екосистем зависи од површинското тло и свежата вода, а пак океанските екосистеми зависат од растворените хранливи материи кои достигнале до нив со одливање од копното[29]. Луѓето исто така живеат на копно користејки градежни материјали. Податоците од 1993 година ја утврдуваат употребата на земјиштето од страна на луѓето:
Употреба на земјиштето Процент
Обработлива земја 13,13 %
Постојани култури 4,71 %
Постојани пасишта 26 %
Шуми и прашуми 32 %
Урбани подрачја 1,5 %
Останато 30 %

Површината на земјиштето кое се наводенувало во 1993 година изнесувала 2.481.250 km2.

Природни катастрофи

Големи предели се изложени на лоши временски услови како што се тропските циклони, урагани или тајфуни кои управуваат со животот во тие области. Исто така многу области се изложени на чести земјотреси, одронувања, цунами, вулкански ерупции, торнада, снежни бури, поплави, суши и други несреќи и природни непогоди. Жителите на некои области страдаат од загадување на воздухот и водата, изложени се на кисели дождови и токсични материи, недостаток на вегетација, загуба на дивите животни, изумрени видови, деградирано тло, ерозија итн. Човечките активности се одразуваат и на долгорочната промена на климата и тоа највеќе со индустриската емисија на јаглерод диоксид. Со оглед на овие активности се очекуваат промени како што е ширење на озонската дупка, откинување на ледот на Арктикот, поголеми баријации на температурата, значајни промени на климатските услови и глобалното покачување на нивото на морето.
DarkAngelMKD
DarkAngelMKD
Администратор
Администратор

Број на мислења : 145
Join date : 2010-10-03
Age : 34
Местолокација : Струга

http://www.saad.con.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот