Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.

Join the forum, it's quick and easy

Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.
Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Месечина
Мај 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Calendar Calendar

Анкета
online survey
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди

Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

Истражување на вселената 50254_146336615409267_661_n

На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето Very Happy

Comments: 0

Latest topics
» Жртви на вселенските истражувања
Истражување на вселената EmptyНед Окт 24, 2010 4:06 pm by DarkAngelMKD

» една забелешка
Истражување на вселената EmptyЧет Окт 14, 2010 5:49 pm by anti-spam-master

» Четири телескопи за онлајн сликање на ѕвезди
Истражување на вселената EmptyСре Окт 13, 2010 10:45 pm by DarkAngelMKD

» Астрономијата го одбележа дваесеттиот век
Истражување на вселената EmptyВто Окт 12, 2010 10:41 pm by DarkAngelMKD

» Слика од јадрото на Халеевата Комета
Истражување на вселената EmptyВто Окт 12, 2010 10:20 pm by DarkAngelMKD

» Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Истражување на вселената EmptyВто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

» Ауригиди
Истражување на вселената EmptyПон Окт 11, 2010 9:22 pm by DarkAngelMKD

» Ориониди
Истражување на вселената EmptyПон Окт 11, 2010 8:42 pm by DarkAngelMKD

» Персеиди
Истражување на вселената EmptyПон Окт 11, 2010 8:33 pm by DarkAngelMKD

Statistics
Постојат b>12 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Marija

Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
In total there is 1 user online :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 1 Гост

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 22 во Пет Окт 08, 2021 11:35 pm
RSS feeds


Yahoo! 
MSN 
AOL 
Netvibes 
Bloglines 


Social bookmarking

Social bookmarking reddit      

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website


Истражување на вселената

Go down

Истражување на вселената Empty Истражување на вселената

Пишување by DarkAngelMKD Вто Окт 05, 2010 1:46 am

СПУТНИК 1
Истражување на вселената Images?q=tbn:ANd9GcRpQR095UgPzFN6TAuemX_vle0O3jFkzU8FAANmYdQsg1hmGCQ&t=1&usg=__YJ_8osCn5Gd9_BA7xSsCjLeYvSY=
Спутник 1 е првиот вештачки сателит пуштен во орбита околу земјата и беше лансиран од Бајконур Космодромот во Тјуратам, 370 километри југозападно од градчето Бајконур во Казахстан. На руски "Спутник" значи "сопатник", или сателит, во овој случај. Оваа летало претставува алуминиумска сфера со дијаметар од 58 центиметри што носеше четири големи, од 2,4 до 2,9 метри долги, антени од страна. Масата му изнесуваше 83.60 килограми.
Лансиран:4 октомври 1957 во 19:12 по Гринич, од Бајконур Космодромот LC-1, со A/"Спутник" (8K71PS M1-1PS)
Орбита:227 km x 947 km x 65,1° x 96,8 min.
Испаднат од орбита:4 јануари 1958

Инструментација

Инструментите и изворите на електричната енергија беа поставени во затворена капсула и вклучувале трансмитери, а емисииите се случуваа најизменично во групи на секои 0,3 секунди. Даунлинк телеметријата вклучуваше податоци за температурите внатре и на површината од сферата. Сателитските трансмитери работеа 3 недели, додека хемиските батерии конечно не откажаа, и беа набљудувани со голем интерес во целата земја. Леталото испрати податоци за густината на горните слоеви на атмосферата и ширењето на радио брановите во јоносферата.

Крај на мисијата

Малата, но многу исполирана сфера беше тешка за набљудување со голо око, поради нејзината сјајност од 6-та магнитуда, но затоа ракетниот потиснувач кој исто така ја достигна земјината атмосфера беше подобро видлив навечер како објект од прва магнитуда. Спутник испадна од орбитата 92 дена после лансирањето, откако заврши 1400 свртувања околу Земјата, со кумулативно пројдени 70 милиони километри. Сателитот и лансирачите беа развиени од бирото за дизајн на Сергеј Корлјов NII-88/Подлипки ( денешна РАКЕТНО-КОСМИЧЕСКАЯ КОРПОРАЦИЯ "ЭНЕРГИЯ").

СПУТНИК 2

Спутник 2 беше првото биолошко летало, што носеше куче со него. Беше 4 метра висока, конусоидна капсула со дијаметар на основата од 2 метри, и тежина од 508,30 килограми.
Истражување на вселената Sputnik2_vsm

Лансиран:3 ноември 1957 at 19:12 по Гринич, од Бајконур космодромот, со A/"Sputnik" (8K71PS M1-2PS)
Орбита:225 km x 1671 km x 65,3° x 103,75 min.
Испаднат од орбита:14 април 1958

Инструментација

Спутник 2 содржеше неколку оддели за радио трансмитери, систем за телеметрија, единица за програмирање, контролен систем за регенерација и темепература во кабината, и инструменти за мерење на сончевата радијација (ултравиолетова светлина и х-зраци) и космички зраци. Во одделна затворена кабина се наоѓаше Лајка, куче скитник најдено во улиците на Москва. Телевизиска камера беше ставена во патничкиот одел за набљудување на кучето. Камерата можеше да емитува фрејмови од по 100 линии со брзина од 10 фрејма во секунда. Леталото собра полно податоци за однесувањето на живите организми во вселената.

Лајка

Истражување на вселената Sputnik2_container_2
Првото суштество што патуваше во вселената беше женски самоед-териер отпрвин крстено Кудрјавка (Кадравка), но подоцна преименувано во Лајка (од Лае). Таа тежеше 6 килограми. Кабината на Спутник 2 имаше доволно простор за неа да може да лежи или стои. Систем за регенерација на воздухот ја снабдуваше кабината со кислород, а храна и вода беа давани во желатинирана форма. лајка беше опремена со вреќа за собирање на отпадоци и електроди за набљудување на виталните знаци. Раната телеметрија покажуваше дека кучето било вознемирено, но сепак јадело. Во тоа време немаше технологија за успечно приземјување на товар на Земјата, па беше планирано Лајка да остане без кислород после 10 дена орбитирање околу Земјата.

Текот на мисијата

Одкако стигна до орбитата, клунот на леталото беше отфрлен успешно, но Блокот А од бустерот не се оддели како што беше планирано. Ова и сметаше на работата на системот за термална контрола. Дел од термалната изолација се искина и внатречната температура достигна 40 °C. Ветеринарите кои ги следеа животните знаци на Лајка дента после лансирањето забележаа значаен пораст на внатречната температура во биолошкиот оддел, кој настанал очигледно поради оштетеноста на системот за термална контрола. За време на целиот нејзин лет, Лајка претрпуваше мала нелагодност поради високата температура. Кучето конечно се предаде на исцрпеноста од топлината во четвртиот ден од мисијата, 7-ми ноември. Подоцнежните анализи поткрепени со телемтријата праќана од леталото потврдија дека Лајка умрела од преголема температура. Кучето изгоре во атмосферата заедно со Спутник 2, после 162 дена поминати во орбита.

Крај на мисијата

Советските научници открија зачудувачки информации несврзани со Лајка многу години подоцна, Инструментите во леталото работеле без проблем цела недела, и откриле докази за постоење на обвивка од радијација околу Земјата. Неколку месеци подоцна истите научници го негираа оваа откитие поради "лоша интерпретација на податоците" од нивна страна. Експлорер 1, америчкото летало повторно ги потврдило овие наоди подоцна, а со тоа и едно од најголемите откритија во раното доба на откривањето на вселената: постоењето на контиуирани појаси од радијациски обвивки околу Земјата.

ЕКСПЛОРЕР 1

Истражување на вселената Explorer1
Експлорер 1, прв вештачки сателит на САД. Беше лансиран од базата Кејп Каневерал на 1 февруари 1958. "Explorer" на англиски значи "истражувач". Тежеше 13,97 килограми, од кои 8,3 килограми отпаѓаа на инструментација. Неговиот облик е прилагоден за да може да го собере во ракетата.
Лансиран:1 февруари 1958 во 3:48 по Гринич, од Кејп Каневерал LC-26A, со Јупитер Ц
Орбита:356 km x 2 548 km x 33,2° x 114,8 min.
Испаднат од орбита:31 мај 1970

Инструментација

Инструментите се наоѓаа во предниот дел од леталото. Поради малиот простор и захтевите за што помала маса, најголема важност е придадена на ефикасноста на инструментите во него. Леталото содржеше Гајгер-Милерова цевка, за детектирање на протони и електрони (поголем дел од времето давала повеќесмислени резултати), сензори за температура, акустичен детектор за ударите од микроастероидите во шасијата, и детектор со жичана решетка за истата намена. Инструментите беа напојувани од живини батерии, кои самите тежеле 40% од целата тежина на товарот. Податоците од инструментите беа пренесувани на Земјата преку антени, една 60 миливатна диполна од фиберглас и четири 10 миливатни завртувачки антени, кои работат на 108,00 мегахерци и 108,03 мегахерци соодветно.

Тек и крај на мисијата

На изненадување на експертите од мисијата, Експлорер 1 ја смени својата оска на ротација после лансирањето, поради дисипација на енергијата од флексибилните структурни елементи. Оваа допринело за дполнување на Елуриевата теорија за кинетика на тврди тела после цели 200 години. Гајгер-Милеровата цевка не работела како что треба, односно праќала најразлични резултати за радијацијата околу Земјата. Одлучено е дека ова се случува поради оптеретеноста на самиот нструмент со голема радијација, со што бил откриен Ван Ален радиајацискиот појас, и тоа е прогласено за најголемо откритие во тогашната [Меѓународна Година на Геофизика]]. Овој појас всушност претставува наелектризирани честици заробени од магнетното поле на Земјата. Експлорер 1 испадна од орбита на 31 мај 1970 година.

ПИОНИР 0
Истражување на вселената 250px-Pioneer1a
Пионир 0 (познат и како Тор-Ејбл 1) беше неуспешен обид на САД за праќање на сателит во орбита на Месечината, којшто носеше телевизиска камера, детектор на микрометеорити, и магнетомер. Бешпе дизајниран од воздушната флота на САД како првиот сателит во Пионир програмата, и беше првиот обид да се лансира нешто надвор од Земјината површина од страна на било која земја, но обидот беше неуспешен бргу после лансирањето. Затоа сондата не е наречена Пионир 1.
Леталото се состоеше од тенка цилиндрична средина со збиени конуси долги 17см на двете страни. Цилиндарот беше 74см по дијаметар, и висината од врвот на едниот до врвот на другиот конус беше 76см.
Лансиран беше на 17 август 1958 во 12:18 по Гринич

Инструментација

Во линија со оските на на леталото и штрчејќи од крајот на долниот конус се наоѓаше 11 килограми тешката ракета и обвивка за ракета, напојувана со цврсто гориво, коешто претставуваше главен дел од структурата на леталото. Осум мали потисници за подесување на брзината беа поставени на крајот од горниот конус, во прстеновидна серија која можеше да биде отфрлена после употреба. Магнетна диполна антена излегуваше од врвот на гониот конус. Школката беше составена од ламинирана пластика, и беше обоена со шема од темни и светли риги, за да се помогне во регулирањето на температурата.
Инстументацијата тежеше 11,3 килограми и се состоеше од:
- Инфрацрвен телевизиски систем за скенирање слики, дизајниран да ја проучува површината на Месечината, посебно темната страна, - Низа од диафрагми и микрофони за откривање на микрометеорити. Микрометеоритите кои удараат во дијафрагмата би создале акустичен пулс кој би патувал кон микрофонот преку дијафрагмата. Микрофонот содржеше пиезоелектричен кристал. Исто така, беше поставен и појачувач, кој би го појачал сигналот, за да истиот биде детектиран. - Магнетометар со нелинеарен појачувач кој требаше да ги измери Земјиното, Месечевото, и интерпланетарното магнетно поле. Во тоа време не се знаеше дали Месечината има магнетно поле или не.
Вселенското летало беше напојувано од никел-кадмиумови батерии за палење на ракетите, сребро-оксидни батерии за телевизискиот систем и живини батерии за останатите кола. Леталото требаше да се стабилизира во своето вртење на 1.8 вртежи во минута, а правецот на вртење требаше да биде приближно ортогонален со геомагнетските меридиански рамнини на траекторијата .

Крај на мисијата

Пионир 0 беше уништен од експлозија на првиот степен од бустерот на Тор, 73,6 секунди по отиснувањето од земјата, на 16 километри височина, и падна во Атланскиот Океан. Неуспехот се претпоставува дека е предизвикан од фаличен лагер на турбопумпата, кој ја престанал работата на пумпата за течен кислород. Нееднакви телеметриски сигнали беа примени од товарот и горните степени во наредните 123 секунди по експлозијата, и горните степени беа следени до паѓањето во океанот. Планирано беше леталото да патува 2,6 дена до Месечината и за тоа време моторите на солидно гориво да се запалат и да го стават леталото во 29.000 километри долга орбита околу Месечината која би треала 2 недели.

ПИОНИР 2

Истражување на вселената Images?q=tbn:ANd9GcR7c0MpgmBkO7TGlkkxy5vbsGDictvNe5U1M_KYkpO8TMqYgf4&t=1&usg=__QHlEmVr58WLrqxzixryzvyy_O-U=
Пионир 2 беше развиен од лабораториите на воздухопловството на САД, и беше лансирано за НАСА од Воздухопловната Дивизија за Балистички Проектили, на 8 ноември 1958 до Кејп Канаверал.

Инструментација и мисија

Пиопнир 2 имаше скоро идентичен дизајн со своите претходници. Оваа сонда беше 36.9 килограми тешка и вклучуваше ТВ скенер и нов тип батерија во неа, како и нов телескоп на космички зраци кој требаше да го истражува ефектот на Черенков. За ова лансирање инжинерите направија многу промени на Тор-Ејбл лансерот. Како и претходниците, Пионир 2 не стигна до целта. Сигнал од земјата го исклучи вториот стадиум на Тор порано од планираното. Згора на тоа, кога третиот стадиум на моторите на Х-248 се одвои, одби да се стартува. Како резултат на сево ова, сондата изгоре во атмосферата на Земјата на само 45 минути по лансирањето. За време на кратката мисија, стигна на висина од 1550 километри, и испрати назад податоци кои укажаа дека екваторијалната област на Земјата има поголем флукс на енергија отколку што се мислеше порано. Информациите исто така покажаа и дека густината на микрометеоритите е поголема во близина на Земјата, одколку во вселената. Понатамошната истрага заклучи дека третиот стадиум на моторите не се стартувал поради прегорена жица.
DarkAngelMKD
DarkAngelMKD
Администратор
Администратор

Број на мислења : 145
Join date : 2010-10-03
Age : 34
Местолокација : Струга

http://www.saad.con.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот