Месечина
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD
На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето
Comments: 0
Latest topics
Statistics
Постојат b>12 регистрирани членовиНајновиот регистриран член е Marija
Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
In total there is 1 user online :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 1 Гост Никој
Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 22 во Пет Окт 08, 2021 11:35 pm
Social bookmarking
Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website
Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website
7 светски чуда во вселената
Страна 1 of 1
7 светски чуда во вселената
Кои локации би ги посетиле кога патувањата во вселената би биле вообичаена работа? Американскиот автор Рон Милер си го постави токму тоа прашање и тргна во потрага по „светските чуда“ на Сончевиот систем.
Вулканите на сателитот Ио
Јупитеровиот сателит е најактивното тело во Сончевиот систем со околу 400 активни вулкани кои непрекинато исфрлаат пепел во вселената. Бидејќи на Ио речиси нема атмосфера, пепелта не се формира во облаци туку лавата преку канали се шири по целата површина на сателитот. Ио е за малку поголем од нашата Месечина и околу Јупитер кружи на одалеченост од 421.600 километри. Неговата површина е изложена на постојани промени заради силното гравитациско поле на Јупитер.Ледените кули на Калисто
Вториот по големина сателит на Јупитер има површина густо прекриена со кратери, а особено атрактивни се двата големи ударни базени - Valhalla и Asgard. Од овој вториот се издигнуваат неколку огромни базалтни кули од мраз и темна прашина од која секоја е висока помеѓу 80 и 100 метри. Кружи околу Јупитер на одалеченост од 1.883.000 километри.Фонтаните на Енцелад
Вселенското летало на НАСА - Cassini во 2006 година ги сними 500 метри високите фонтани кои настанале од замрзнатата вода во внатрешноста на сателитот кој кружи околу Сатурн. На Енцелад покрај вода постои и тенка атмосфера и различни органски соединенија кои се добра претпоставка за развој на живот.Езерата на Титан
Титан е засега единствена позната месечина со густа атмосфера, а неговата површина ја прекриваат планини, езера и реки. Меѓутоа, езерата не се состојат од вода, туку од ладен, течен метан. Научниците веруваат дека на него би можел да се развие живот, иако моментално е преладен за луѓето.Планината Олимп на Марс
Најголемата планина и вулкан во Сончевиот систем е планината Олимп на Марс. Поголема е дури за 15 пати од најголемиот вулкан на Земјата и 24 километри поголема од Монт Еверест. Научниците уште не се сигурни дали вулканот е се уште активен."Господарот на прстените"
Се разбира, станува збор за Сатурн. Иако прстени има и на други планети (Јупитер, Уран, Нептун), тие на Сатурн се најатрактивни и највидливи, па во свое време ги проучувал и Галилео Галилеј. Се состојат од силикатни карпи, железен оксид и мраз, многу се тенки, а се претпоставува дека постојат од самиот почеток на Сончевиот систем.Големиот ѕид на Миранда
Природниот сателит на Уран се состои од карпи и воден мраз. Има исклучително интересен рељеф, а се претпоставува дека неколку пати се распаднал и повторно се составил заради сопствената гравитација и тектонските движења. Површината му е полна со пукнатини, кањони и провалии. Посебно е атрактивна 20 километри високата карпа, а астронаутот кој би скокнал од неа до тлото би паѓал дури 20 минути.Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
Нед Окт 24, 2010 4:06 pm by DarkAngelMKD
» една забелешка
Чет Окт 14, 2010 5:49 pm by anti-spam-master
» Четири телескопи за онлајн сликање на ѕвезди
Сре Окт 13, 2010 10:45 pm by DarkAngelMKD
» Астрономијата го одбележа дваесеттиот век
Вто Окт 12, 2010 10:41 pm by DarkAngelMKD
» Слика од јадрото на Халеевата Комета
Вто Окт 12, 2010 10:20 pm by DarkAngelMKD
» Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD
» Ауригиди
Пон Окт 11, 2010 9:22 pm by DarkAngelMKD
» Ориониди
Пон Окт 11, 2010 8:42 pm by DarkAngelMKD
» Персеиди
Пон Окт 11, 2010 8:33 pm by DarkAngelMKD