Месечина
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD
На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето
Comments: 0
Latest topics
Statistics
Постојат b>12 регистрирани членовиНајновиот регистриран член е Marija
Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
Севкупно има 2 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 2 Гости Никој
Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 22 во Пет Окт 08, 2021 11:35 pm
Social bookmarking
Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Спица
Страна 1 of 1
Спица
Спица (Spica) позната и како Ариста (α Vir / α Virginis) е најсјајна ѕвезда во соѕвездието Девица, и 15-та најсјајна ѕвезда на ноќното небо. Се наоѓа на 260 светлосни години од Земјата. Оваа ѕвезда е плав џин, променлива ѕвезда од типот Beta Cephei.
Историја на набљудувањата
За Спица се верува дека е ѕвезда која Хипарх ја искористил за да ја открие прецесијата на еквинокс. Храмот на Менат (порано Хатор) во Теба бил изграден во 3200 година п.н.е., и свртен кон Спица, но со време, поради прецесијата, забележливо е изместувањето на линијата што ја имале ѕвездата и храмот. Никола Коперник направил многу забелешки во врска со оваа ѕвезда, при неговото проучување на прецесијата.
Карактеристики
Спица е сјајна ѕвезда, чија привидна магнитуда варира меѓу +0,92 и +1,04, со период на ротација од 4,0142 дена. Таа е променлива ѕвезда од типот Beta Cephei. Сјајноста ѝ е 2.300 пати поголема од онаа на нашето Сонце. Спица е двојна ѕвезда, а растојанието меѓу двете ѕвезди е толку мало што речиси и не се забележуваат како две, туку како една.
Видливост
Бидејќи е сместена блиску до еклиптиката, Спица може да биде затемнета од Месечината и понекогаш од некои од планетите. Последното затемнување на Спица се случило кога Венера поминала пред ѕвездата (гледано од Земјата) на 10 ноември 1783 година. Наредното затемнување ќе се случи на 2 септември 2197 година, кога Венера повторно ќе помине пред Спица. Сонцето поминува на околу 2º северно од Спица секоја година околу 16 октомври.
Најлесниот начин да се најде Спица на ноќното небо е да се следи линијата на седумте ѕвезди од соѕвездието Голема Мечка до Арктурус, а потоа да се додаде истата должина и ќе се дојде до Спица.
Етимологија и значење
Името Спица доаѓа од латинското spīca virginis „Клас жито на Девицата“ (обично се мисли на пченица). Во кинеската астрономија, оваа ѕвезда е позната како Jiao Xiu 1 (角宿一). Во хинду календарот, Спица е Накшатра Читра.
Во астрологијата, Спица е една од фиксните ѕвезди, со значење смарагд која носи неограничена добра среќа. Корнелиус Агрипа кабалистичкиот симбол за Спица го посветил на Хермес Трисмегистус.

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
Нед Окт 24, 2010 4:06 pm by DarkAngelMKD
» една забелешка
Чет Окт 14, 2010 5:49 pm by anti-spam-master
» Четири телескопи за онлајн сликање на ѕвезди
Сре Окт 13, 2010 10:45 pm by DarkAngelMKD
» Астрономијата го одбележа дваесеттиот век
Вто Окт 12, 2010 10:41 pm by DarkAngelMKD
» Слика од јадрото на Халеевата Комета
Вто Окт 12, 2010 10:20 pm by DarkAngelMKD
» Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD
» Ауригиди
Пон Окт 11, 2010 9:22 pm by DarkAngelMKD
» Ориониди
Пон Окт 11, 2010 8:42 pm by DarkAngelMKD
» Персеиди
Пон Окт 11, 2010 8:33 pm by DarkAngelMKD