Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.

Join the forum, it's quick and easy

Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.
Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Месечина
Април 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930     

Calendar Calendar

Анкета
online survey
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди

Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

Вселена 50254_146336615409267_661_n

На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето Very Happy

Comments: 0

Latest topics
» Жртви на вселенските истражувања
Вселена EmptyНед Окт 24, 2010 4:06 pm by DarkAngelMKD

» една забелешка
Вселена EmptyЧет Окт 14, 2010 5:49 pm by anti-spam-master

» Четири телескопи за онлајн сликање на ѕвезди
Вселена EmptyСре Окт 13, 2010 10:45 pm by DarkAngelMKD

» Астрономијата го одбележа дваесеттиот век
Вселена EmptyВто Окт 12, 2010 10:41 pm by DarkAngelMKD

» Слика од јадрото на Халеевата Комета
Вселена EmptyВто Окт 12, 2010 10:20 pm by DarkAngelMKD

» Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Вселена EmptyВто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

» Ауригиди
Вселена EmptyПон Окт 11, 2010 9:22 pm by DarkAngelMKD

» Ориониди
Вселена EmptyПон Окт 11, 2010 8:42 pm by DarkAngelMKD

» Персеиди
Вселена EmptyПон Окт 11, 2010 8:33 pm by DarkAngelMKD

Statistics
Постојат b>12 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Marija

Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
Севкупно има 2 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 2 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 22 во Пет Окт 08, 2021 11:35 pm
RSS feeds


Yahoo! 
MSN 
AOL 
Netvibes 
Bloglines 


Social bookmarking

Social bookmarking reddit      

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website


Вселена

Go down

Вселена Empty Вселена

Пишување by DarkAngelMKD Вто Окт 05, 2010 12:45 am

Вселена Protop10
Зборот вселена доаѓа од грчкиот збор cosmos или латински universus. Делот од вселената кој може да се види или испита обично се нарекува видлива вселена. Поради тоа што ширењето на вселената е многу поголемо од нејзиниот краен досег на набљудување, космолозите сметаат дека е неможно да се следи нејзиното ширење.
Во терминологијата на физичката космологија, вселената се смета за конечен или бесконечен временски простор во кој е сместена целата материја и енергија. Некои научници ја поддржуваат теоријата дека вселената е дел од многубројни други вселени.

Ширење, старост, теоријата за големата експлозија

Најважен резултат на физичката космологија е сознанието дека вселената се шири. Ако тоа се екстраполира инверзно во времето, се доаѓа до идејата за гравитационен сингуларитет, мошне апстрактен математички концепт кој можеби соодветствува, но можеби и не соодветствува со вистината.
Од таму потекнува и теоријата за “големата експлозија” која е денес преовладувачки модел на вселената. Врз основа на податоците добиени од WMAP (WMAP - Wilkinson Microwave Anisotropy Probe), сонда на НАСА, староста на вселената, почнувајќи од “Големата експлозија” се проценува на околу 13,7 милијарди (13,7 × 109) години со можна грешкa од околу 1% (± 200 милиони години).
Другите методи за проценување на староста на вселената даваат различни вредности, почнувајќи од 11 милијарди до 20 милијарди години. Најголемиот број проценки се движат во опсегот од 13 до 15 милијарди години.

Први галаксии, структура на вселената

Галаксиите се основен елемент на вселената. За сите вселенски објекти карактеристично е тоа што растојанието меѓу нив е многу поголемо од димензиите на самиот објект. Во случајот на галаксијата тоа изгледа отприлика вака: Ако замислиме дека големината на една галаксија е колку големината на паричка од 1 денар, средното растојание помеѓу галаксиите би изнесувало 1 метар. Меѓугалактичкиот простор практично е исполнет само со зраци кои зрачат од ѕвездите во галаксиите, како и со извесни количества од многу разреден меѓугалактички гас.
Галаксиите не се рамномерно распоредени во просторот. Тие се групираат во јата од галаксии, тоа е систем кој може да содржи од неколку десетици до неколку илјади галаксии. Основни особини на вселената се нејзина хомогеност и изотропност. Ако разгледуваме различни подрачја на вселената, но секогаш со исти зафатнини, во сите од нив ќе наидеме на просечно ист број галаксии. Во тоа се состои хомогеноста на вселената. Ако пак од било која точка во вселената вршиме набљудувања во различни насоки, во секој од нив ќе наидеме на приближно ист број галаксии, во што се состои изотропноста на вселената. Со други зборови во вселената не постои ниту едно место, ниту една насока која по нешто би се разликувала од останатите: секое место може подеднакво да се смета за центар на вселената, или поинаку речено, центарот на вселената не постои.
Нашето набљудување е достапно само во одреден дел на вселената, и тој дел од вселената се нарекува метагалаксија. Тоа значи дека вселената за нас не е бесконечна. За набљудувачите од Земјата постои дефиниран хоризонт во вселената кој од нас е подеднакво оддалечен во сите насоки. Слободно да се изразиме, можеме да кажеме дека вселената е составена од бесконечно многу метагалаксии кои се преклопуваат и во просек не се разликуваат едни од други.
Па денес усвоена интерпретација за постоење на границите на вселената - последица е нејзиното ширење, проучување на светлосните спектри со оддалечените галаксии докажано е дека во нив спектралните линии се поместени, со поголеми бранови должини и тоа се повеќе и повеќе во зависност од тоа колку е оддалечена галаксијата од нас. Оваа појава се нарекува црвено поместување, а најдоследно може да се објасни со таканаречениот Доплеров ефект. Галаксиите кои се наоѓаат на хоризонтот на нашите метагалаксии, толку многу се оддалечуваат практично со брзината на светлината, па нивната светлина е толку поместена со големи бранови должини, односно се многу далеку што не може да се испитува.
Вселената почнува да се шири во одредени моменти од минатото, тоа ширење морало да почне од состојби во кои густината на материјата била многу голема. Во почетниот момент на оваа фаза на ширење морало да се одигра некој процес во кој материјата почнала од некои нивоа кои и денес ги запазуваме. Тој процес го нарекуваме голема експлозија. Одредени теории говорат дека големата експлозија се случила пред околу 15 × 109 (15 000 000 000 години).
Уште една важна особина на вселената е нејзиниот елементарен состав. Огромен експериментален материјал сведочи дека масата на вселената е составена 70% од водород, 30% хелиум и само околу 1% од сите останати елементи заедно. Да спомнеме и дека конечната брзина на светлината во сите заеднички делувања има неизбежна последица. Гледајќи ја иднината на вселената, ние всушност го гледаме минатото!

Сонди и сателити во вселената

Војаџер 1 и Војаџер 2 го напуштиле нашиот Сончев систем и сега патуваат далеку во вселената. Секоја сонда во себе носи запис на звуци и слики од Земјата во случај да се сретнат со некои други живи суштества. Војаџер 2 и Хабловиот вселенски телескоп(Hubble Space Tellescope) забележале облаци и темни дамки во горната атмосфера. Некои од нив се чини дека траат само по неколку дена. Војаџер 2 забележал четири бледи прстени окулу Нептун. Исто така открил и нови сателити. Нептун има осум сателити. Најголемиот сателит, Тритон, кружи во обратна насока од сите сателити.
DarkAngelMKD
DarkAngelMKD
Администратор
Администратор

Број на мислења : 145
Join date : 2010-10-03
Age : 34
Местолокација : Струга

http://www.saad.con.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот