Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.
Месечина
Септември 2019
ПонВтоСреЧетПетСабНед
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30      

Calendar Calendar

Анкета
online survey
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди

Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

Ауригиди 50254_146336615409267_661_n

На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето Very Happy

Comments: 0

Latest topics
Statistics
Постојат b>12 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Marija

Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
In total there is 1 user online :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 1 Гост

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 7 во Нед Окт 10, 2010 6:16 pm
RSS feeds


Yahoo! 
MSN 
AOL 
Netvibes 
Bloglines 


Social bookmarking

Social bookmarking digg  Social bookmarking delicious  Social bookmarking reddit  Social bookmarking stumbleupon  Social bookmarking slashdot  Social bookmarking yahoo  Social bookmarking google  Social bookmarking blogmarks  Social bookmarking live      

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website


Ауригиди

Go down

Ауригиди Empty Ауригиди

Пишување by DarkAngelMKD on Пон Окт 11, 2010 9:22 pm

Ауригиди Aurigidi
Ауригидите го добиле своето има по соѕвездието Auriga (Кочијаш). Метеорите изгледаат како да извираат од небото од регион во близина на светлата жолто-портокалова ѕвезда Капела (Capella), од ова соѕвездие (овој регион се нарекува радијант). Доколку досега немате слушнато за Ауригидите, тоа е затоа што ретко се спомнуваат во било кои астрономски книги, но ретко која година вредат да се споменат.
За разлика од стабилните [Персеиди], кои секоја година се константни и приредуваат спектакуларно шоу за сите вљубеници во „ѕвездите што паѓаат“, мала или, пак, никаква активност не се забележува од Ауригидите. Но, понекогаш, еден краток излив од светли метеори се забележува од овој рој. Овие ретки изливи на Ауригидите се предизвикани од комета чија трага од прашина повремено се сече со патеката на Земјата.
Изливот од метеори од Ауригидите е многу нефреквентен. Дефинитивно е забележан само во 3 случаи: во 1935, 1986 и 1994 година. Има многу малку сведоци на овие дождови, затоа што овие ненадејни изливи од метеори никој не ги очекува. Но, сега, за прв пат, еден аларм за метеорскиот дожд Ауригиди е пуштен на време.
На 26-тото Генерално собрание на Меѓународната астроносмка унија, кое се одржа минатата година во Прага(2006 година), Питер Џенискенс (Peter Jenniskens) од Центарот „Карл Саган“ при Институтот СЕТИ најави дека Ауригидите многу веројатно ќе произведат уште една рунда од невообичаена метеорска активност на 1 септември оваа година(2007).
Кометата која е виновна за појавувањето на Ауригидите е добро позната. Тоа е кометата Кес (Kiess), која за последен пат се појави во 1911 година. Внимателно проучувајќи го нејзиното движење, научниците утврдиле дека пред 1911 оваа комета последен пат поминала во близина на Сонцето во 82 г.п.н.е, кога Јулие Цезар сè уште бил жив. Пресметките покажуваат дека остаток од прашина испуштен од кометата во 82 г.п.н.е. ќе се судри со патеката на Земјата на 1 септември.
Според проценките, на 1 септември во 11:37 сметано по UT (Universal Time - Универзално време)(2007 година), Земјата ќе се судри со остатоците од кометата Кес. Тоа не е најпогодно време за набљудување од Европа, а со тоа и од Македонија, затоа што Сонцето ќе биде високо над хоризонтот (11:37 по UT е 13:37 часот по наше време). Најдобри услови за да се забележи овој краток излив од Ауригидите ќе имаат набљудувачите од крајните западни делови на САД и Канада.
Како и претходните Ауригиди, и овој пат се очекува краток излив од метеори, кој би требало да трае околу еден час. Предвидувањата за [ZHR], или бројот на метеори видени од еден набљудувач под чисто небо, со радијантот во зенит, е околу 200. Според други пресметки од други научници, [ZHR] може да биде и околу 300, со грешка од 1 до 3 пати. Ова може да значи број на метеори помеѓу 100 и 1 000.
Една пречка за местата каде што ќе биде ноќ е тоа што максимумот ќе се случи само неколку дена после полна Месечина. Но, Ауригидите се доста брзи (со брзина од околу 66 km/s) и прашинките од кои потекнуваат се доста големи, па се очекува да има многу светли метеори. Многу од нив според предвидувањата треба да ги надсјаат Јупитер и Венера, што значи поголеми магнитуди од -4. Па така, Месечината и нема да да претставува многу голем проблем.
Најсигурното предвидување е дека би требало да се видат 20 до 30 метеори на час, што и е видено во претходните изливи на Ауригидите. Но, доколку се доволно светли, како што велат проценките, тоа ќе биде шоу за паметење.
Иако нашата земја не се наоѓа во зоната погодна за набљудување на овој непредвидлив метеорски дожд, сепак, за упорните кои сакаат да ја поминат ноќта под ѕвездено небо и да уживаат во ѕвездите, вреди да се ризикува и да се проба да се фати дел од овој дожд. Ауригидите се непредвидливи, па може да се случи токму поради таа нивна непредвидливост да бидеме сведоци на многу светли метеори, кои ќе го палат небото над Македонија.
DarkAngelMKD
DarkAngelMKD
Администратор
Администратор

Број на мислења : 145
Join date : 2010-10-03
Age : 29
Местолокација : Струга

http://www.saad.con.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот