Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.
Месечина
Септември 2019
ПонВтоСреЧетПетСабНед
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30      

Calendar Calendar

Анкета
online survey
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди

Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

Персеиди 50254_146336615409267_661_n

На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето Very Happy

Comments: 0

Latest topics
Statistics
Постојат b>12 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Marija

Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
In total there is 1 user online :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 1 Гост

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 7 во Нед Окт 10, 2010 6:16 pm
RSS feeds


Yahoo! 
MSN 
AOL 
Netvibes 
Bloglines 


Social bookmarking

Social bookmarking digg  Social bookmarking delicious  Social bookmarking reddit  Social bookmarking stumbleupon  Social bookmarking slashdot  Social bookmarking yahoo  Social bookmarking google  Social bookmarking blogmarks  Social bookmarking live      

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website


Персеиди

Go down

Персеиди Empty Персеиди

Пишување by DarkAngelMKD on Пон Окт 11, 2010 8:33 pm

Персеиди 768px-IMG_8505n3
Персеид снимен во 2007 година

Персеиди - метеорски дожд што се појавува секоја година во август од соѕвездието Персеј. Ова настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прашина оставени од кометата Свифт Тутл. Најмалите честички се со големина на зрно песок,согоруваат во атмосферата на Земјата формирајќи метеорски дожд. Прво тој е со најголем интензитет па потоа постепено слабее. Овој метеорски дожд е активен од 17 јули па се до 24 август додека максимумот речиси секогаш е на 12 август. Бројот на метеори обично достигнува 60 метеори на час.

Опис

Како и повеќето метеорски дождови така и Персеидите се формираат од остатоци од опашката на некоја комета(Свифт Тутл).Самата комета се доближува до Земјата само еднаш на 135 години, но преку нејзината опашка Земјата поминува секоја година.Кометата се движи кон Сонцето привлечена од неговата топлина, во меѓупланетарниот простор расфрла фини честички од мраз и прашина кои под влијание на сончевиот ветар се движат кон центарот на сончевиот систем.
Фрагменти од карпа исфрлена од јадрото на кометата паѓаат во атмосферата на Земјата и согоруваат во неа светкајќи како ѕвезди. Овој феномен може да се види од каде било во светот, но во северната хемисвфера е појасен овој феномен. Од Земјата се гледа како метеорскиот дожд да доаѓа од соѕвездието Персеј, па оттука е и називот Персеиди.
Опашката на кометата е составена од мали честички од мраз,карпи и прашина кои се исфрлени во меѓупланетарниот простор од јадрото на кометата.Кога Земјата на нејзината патека околу Сонцето се сретне со овие честички тие навлегуваат во атмосферата на Земјата со брзина од 150илјади километри на час. Тие кога паѓаат исцртуваат права полна линија која постепено исчезнува, некогаш паѓаат во форма на една или повеќе огнени топки.

Персеиди 768px-Perseid_meteor_and_Milky_Way_in_2009
Шарен, долг Персеид удира во небото лево од Млечниот Пат во 2009 година

Историја на набљудувањата

Првото споменување на Персеидите датира од 1936 година п.н.е во кинеските хроники.Исто така Персеидите често се споменуваат во кинески,јапонски и корејски хроники од VII - XI век. Во Европа Персеидите се наречени "Солзите на Сент Лоренс" како фестивалот на "Сент Лоренс" кој се одржува во истиот период (од 10 август) за кој се смета дека Персеидите се најактивни. За официјален откривач на овој феномен се смета белгиецот Адолф Кетел кој првпат дал извештај за овој феномен во 1835 година. Првиот истражувач кој го пресметал бројот на метеори на час е Едвард Хејс кој одредил максимална брзина од 160 метеори на час. Набљудувањето на Хејс и други истражувачи од целиот свет продолжува секоја година после тоа. Максималниот број на метеори на час изнесувал 37-88 до 1858 година.Интересен е фактот дека во 1861 година бројот на метеори скокнал на 78-102 на час.

Персеиди 768px-The_2010_Perseids_over_the_VLT
Персеид во 2010 година снимен од големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија

Персеидите се првиот метеорски дожд поврзан со одредена комета. Во текот од 1861 до 1863 година забележано е зголемување на бројот на метеори на час во периодот на месец август.Во 1863 се избројани 215 метеори на час. Италјанскиот астроном Џовани Вирџинио Скипарели ги пресметал орбитите на неколку Персеиди и сватил дека тие се совпаѓаат со орбитата на кометата Свифт Тутл.Кометата Свифт Тутл е откриена во 1862 годинакога поминала блиску до Земјата. Периодот на целосна ротација на кометата изнесува 135 години. Последен пат кометата во близина на Земјата е видена во декември 1992 година. Таквата близина на кометата до Земјата предизвикала зголемување на активноста на Персеидите. Во август 1993 година набљудувачи од Централна Европа снимиле од 200 до 500 метеори на час. Следниот пат кога кометата Свифт Тутл ќе помине блиску до Земјата е во 2126 година.
ГодинаАктивни помеѓуМаксимум на дождот
201023 Јули - 24 Август12 Август - 142 метеори на час
200914 Јули – 24 Август13 Август - 173 метеори на час
200825 Јули – 24 Август13 Август - 116 метеори на час
200719 јули – 25 Август13 Август - 93метеори на час
1972/12 Август: најактивниот дожд во историјата
DarkAngelMKD
DarkAngelMKD
Администратор
Администратор

Број на мислења : 145
Join date : 2010-10-03
Age : 29
Местолокација : Струга

http://www.saad.con.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот