Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.

Join the forum, it's quick and easy

Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.
Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Месечина
Март 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Calendar Calendar

Анкета
online survey
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди

Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

Основни закони 50254_146336615409267_661_n

На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето Very Happy

Comments: 0

Latest topics
» Жртви на вселенските истражувања
Основни закони EmptyНед Окт 24, 2010 4:06 pm by DarkAngelMKD

» една забелешка
Основни закони EmptyЧет Окт 14, 2010 5:49 pm by anti-spam-master

» Четири телескопи за онлајн сликање на ѕвезди
Основни закони EmptyСре Окт 13, 2010 10:45 pm by DarkAngelMKD

» Астрономијата го одбележа дваесеттиот век
Основни закони EmptyВто Окт 12, 2010 10:41 pm by DarkAngelMKD

» Слика од јадрото на Халеевата Комета
Основни закони EmptyВто Окт 12, 2010 10:20 pm by DarkAngelMKD

» Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Основни закони EmptyВто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

» Ауригиди
Основни закони EmptyПон Окт 11, 2010 9:22 pm by DarkAngelMKD

» Ориониди
Основни закони EmptyПон Окт 11, 2010 8:42 pm by DarkAngelMKD

» Персеиди
Основни закони EmptyПон Окт 11, 2010 8:33 pm by DarkAngelMKD

Statistics
Постојат b>12 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Marija

Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
In total there is 1 user online :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 1 Гост

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 22 во Пет Окт 08, 2021 11:35 pm
RSS feeds


Yahoo! 
MSN 
AOL 
Netvibes 
Bloglines 


Social bookmarking

Social bookmarking reddit      

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website


Основни закони

Go down

Основни закони Empty Основни закони

Пишување by DarkAngelMKD Нед Окт 10, 2010 10:45 pm

Закони за движење на небесните тела

Движењето на планетите било набљудувано уште многу одамна. Древните Грци, за прв пат, во VI - V век п.н.е. започнале да користат теориски модели за објаснување на движењето на небесните тела. Видливото (привидно) вртење на небесната сфера, како и видливото (привидно) движење на небесните тела оставале впечаток дека Земјата е центар на Вселената и дека се се врти околу неа. Согласно учењето на старите грци, небесните тела биле распоредени по сфери кои вртеле околу неподвижната Земја. Најблиску била сферата на Месечината, а потоа следеле сферите на Меркур, Венера, Сонце и на останатите, видливи со око, планети: Марс, Јупитер и Сатурн. Најодалечена од Земјата била т.н. “сфера на неподвижни “звезди”. Ваквото учење било во основата на т.н. геоцентричен систем на светот и било до совршенство разработено од александрискиот астроном Птолемеј во II век од н.е.

Основни закони Foto-kopernik
Никола Коперник
(1473-1543)

Во XVI век познатиот полски астроном Никола Коперник (1473-1543) го создал новиот систем на светот. Согласно овој систем, во центарот на светот не била Земјата, туку Сонцето околу кое вртат сите планети и сферата на неподвижни звезди. Ваквиот систем е познат под името хелиоцентричен систем на светот. Коперник сметал дека планетите се движат по кружни патеки околу Сонцето и дека Меркур и Венера се поблиску до Сонцето отколку Земјата бидејќи на небото се гледат блиску до Сонцето за разлика од останатите планети кои се видливи во текот на ноќта кога Сонцето се наоѓа длабоко под хоризонтот. Коперник прв ги определил релативните растојанија меѓу планетите и Сонцето, како и периодите на обиколка на планетите околу Сонцето. Идеата на Коперник за хелиоцентричниот систем на светот долго време не била прифатена од страна на научниците и била строго забранета од страна на црквата.

Основни закони Foto-kepler
Јохан Кеплер
(1571-1630)
Германскиот астроном и математичар Јохан Кеплер (1571-1630) во 17 век предложил математички релации за опишување на движењето на небесните тела. Тоа беа, воедно, и првите закони за движење на небесните тела. За формулирање на овие закони, во голема мера, е заслужен данскиот астроном Тихо Брахе (1546-1601). До тогаш сите набљудувања на небото се правеле инцидентно, без некој ред. Затоа и таквите набљудувања немале некоја научна вредност.
Тихо Брахе, во својата опсерваторија “небесна палата” поклонета од данскиот крал, континуирано ги набљудувал и забележувал положбите на Месечината и на познатите во тоа време планети во долг временски период (од 1576 до 1597 година). Во негово време се уште се водела дебата која од теориите: геоцентричната или хелиоцентричната е точна. Тој верувал дека споредувањето на експерименталните податоци со предложените теории ќе укаже која од нив е точна. Оваа идеја, да се набљудуваат појавите, да се бележат податоците и да се верува дека така добиените податоци ќе дадат одговор која од теориите е точна, била клуч на модерната наука и почеток на вистинското разбирање на Природата. Тихо Брахе застапувал една модифицирана геоцентрична теорија: планетите се движат околу Сонцето, а сите тие заедно се движат околу Земјата.
Податоците собрани од страна на Тихо Брахе завршиле во рацете на неговиот асистент Јохан Кеплер. Тој се обидел, по метод на проба и грешка, да добие равенки на движење на планетите околу Сонцето. На почеток тој дошол до погрешен резултат, а тоа било дека планетите се движат околу Сонцето по кружни патеки но дека Сонцето не се наоѓа во центарот. Големото разидување помеѓу неговите пресметки и експерименталните податоци на Брахе применети за планетата Марс, укажале дека ваквиот заклучок не е точен. На тој начин, Кеплер, благодарение на прецизните експериментални набљудувања на Брахе, можел да стигне до своите три закони за движење на планетите околу Сонцето.

Кеплерови закони

Првиот Кеплеров закон кажува дека планетите се движат по елипси околу Сонцето и дека Сонцето се наоѓа во едниот фокус на елипсата.
Основни закони Prv-keplerov-zakon
Точките F1 и F2 претставуваат фокуси на елипсата. Најблиската, до Сонцето, точка од орбитата на планетата се нарекува перихел, а најодалечената од него точка се нарекува афел. Елипсата е крива која има две полуоски: голема (а) и мала (b). Големата полуоска на елипсата претставува средно растојание на планетата од Сонцето. Средното растојание од Земјата до Сонцето се нарекува астрономска единица и изнесува 1 AU = 149 600 000 км. Орбитите на планетите претставуваат многу слабо сплеснати елипси и скоро да не се разликуваат од кружници.

Вториот Кеплеров закон гласи: При движењето на планетите околу Сонцето нивните радиус вектори опишуваат еднакви плоштини за еднакви временски интервали.
Основни закони Vtor-keplerov
Согласно овој закон, планетата кога е поблиску до Сонцето се движи со поголема брзина одколку кога е подалеку од Сонцето. Планетата има максимална брзина кога поминува низ перихелот и минималма - кога поминува низ афелот.

Третиот Кеплеров закон гласи: Квадратите на периодите на обиколка на планетите околу Сонцето се однесуваат така, како кубовите на нивното средно растојание до Сонцето:
Основни закони Formula-tret-keplerov-zakon
Овде r1 и r2 се средните растојанија (големите полуоски на елипсите) на било кои две планети до Сонцето, а Т1 и Т2 се нивните периоди на обиколка околу Сонцето.

Универзален закон за гравитација

Основни закони Foto-newton
Исак Њутн
(1643-1727)
После законите на Кеплер, наредно прашање кое барало одговор било: што е тоа што дејствува на планетите за да тие се движат на тој начин околу Сонцето. Во тоа време бил познат принципот на инерција на Галилеј, согласно кој природна состојба на секое тело е да се движи по права линија со постојана брзина. Значи, ако на планетата не дејствува ништо, таа би се движела по инерција: праволинински со некоја постојана брзина.
Меѓутоа, планетата не се движи по инерција, туку по елиптични патеки согласно кеплеровиот закон. Одговорот на прашањето: што е причината да планетите се движат по одредени патеки го дал генијалниот англиски физичар Исак Њутн (1643-1727).
Исак Њутн прв го вовел поимот сила и заклучил дека за да се промени брзината на телото на било кој начин, потребна е сила. Ако телото го менува правецот на движење, значи дека на него дејствувала сила под некој агол.
Силата F е производ од две величини: забрзувањето на телото a и масата m на телото кое претставува мерка за инертноста. За да планетата сврте од патеката на праволининско движење, на неа треба да дејствува сила и тоа под некој агол. Бидејќи сите промени на брзината на планетата се дирекно насочени кон Сонцето, јасно било дека силата потекнува од Сонцето.
Основни закони Njutnov-zakon
Во тоа време, со телескопи, биле набљудувани движењата на сателитите на Јупитер кои потсетувале на еден мал Сончев систем што покажувало дека и Јупитер ги привлекува сателитите. Месечината кружи околу Земјата и Земјата ја привлекува Месечината на ист начин како што Сонцето ги привлекува планетите. Њутновата идеа била дека гравитацијата која ја држи Месечината во патеката околу Земјата е истата таа гравитација со која Земјата ги привлекува предметите на нејзината површина.

Универзалниот закон за гравитација даден од Исак Њутн гласи: Силата со која се привлекуваат било кои две тела во Универзумот е обратнопропорционална со квадратот на растојанието и пропорционална со масата, како на првото, така и на второто тело:
Основни закони Formula-njutnov-zakon
Величината G е наречена гравитациона константа и таа не зависи од масите кои си заемодејствуваат како ниту од својствата на средината во која што тие се наоѓаат.
Основни закони Formula-konstanta-G

Законите на Кеплер, како и Њутновиот закон за гравитација го опишуваат не само движењето на планетите, туку и движењето на сателитите, кометите и астероидите.

Проверки на законот за гравитација

Њутновиот закон не егзактен, тој не е во состојба точно да го опише движењето на сите тела во природата. Овој закон, во текот на историјата, бил повеќе пати проверуван. Првото сомневање во точноста на законот било поврзано со движењето на сателитите на Јупитер. Со прецизно набљудување на движењето на сателитите било забележено дека, тие понекогаш избрзуваат за 8 минути, а понекогаш каснат за 8 минути од времето пресметано со помош на законот за гравитација. Данскиот астромом Олаус Ремер (1644-1710), со полна верба во законот за гравитација, дал одговор на ваквото движење на сателитите. Тој дошол до заклучок дека светлината не се шири моментално и дека е потребно некое време за да таа го помине патот од јупитеровите сателити до Земјата. Тоа значи дека, тоа што ние гледаме кога ги набљудуваме сателитите не е тоа како што изгледаат тие во тој момент, туку како изгледале пред некое време потребно да светлината стигне до нас. Ремер ги извршил потребните поправки за времето и од пресметките успеал да ја пресмета брзината на светлината. Ова било доказ дека Њутновиот закон е точен, а воедно било покажано дека светлината не се шири моментално. Друг проблем кој се појавил и кој барал повторна проверка на законот за гравитација бил следниот: планетите, во стварност, не се движат по кеплерови елипси, бидејќи согласно законот за гравитација, тие не се привлечени само од Сонцето туку се привлекуваат и меѓу себе. Од големите планети, во тоа време, биле познати Јупитер, Сатурн и Уран и за нив биле направени пресметки колкави се отстапувањата на патеките од идеалните Кеплерови елипси поради нивното меѓусебно привлекување. При тоа, било добиено дека планетите Јупитер и Сатурн се движат во согласност со пресметките добиени со законот за гравитација, но дека движењето на планетата Уран доста отстапува од пресметката. Астрономите Адамс и Леверије кои истите пресметки ги направиле независно и скоро во исто време, повторно со голема верба во законот за гравитација, претпоставиле дека причината за ваквото движење на Уран сигурно лежи во постоењето на некоја непозната планета во неговата близина. И навистина, таму била пронајдена нова планета, а тоа е планетата Нептун.
Во почетокот на дваесетиот век било познато дека постои многу мало разидување помеѓу вистинското и пресметаното движење на Меркур ако се земе во предвид влијанието на сите други планети. За да се објасни ова отстапување биле предлагани некои модификации на законот за гравитација. Прво, било претпоставено дека показателот на степенот во законот за гравитација не е 2 туку 2,00000016. Лаплас пак, претпоставил дека гравитацијата се придушува во меѓупланетарната средина. Овие теории, предложени со цел да го објаснат движењето на планетата Меркур, не можеле да бидат проверени.

Ајнштајнови теории на релативност

Објаснување на ваквото “неправилно” движење на Меркур немало се додека Ајнштајн не покажал дека Њутновиот закон не е сосема точен и дека е потребно тој да се модифицира. Во 1905 година тој ја дава својата револуционерна теорија, позната како специјална теорија на релативност, во која го променува класичното сфаќање за просторот и времето. Десет години покасно, во 1915 година, Ајнштајн ја дал општата теорија на релативност во која успешно ја вклучил и гравитацијата. Во ова дело, Ајнштајн покажал дека нашата вообичаена претстава за геометријата не одговара на вистинската геометрија во Универзумот. Со други зборови, геометријата која се учи во школите позната како Евклидова геометрија, не е геометрија на природата. Математичарот Минковски успеал да ја преведе Ајнштајновата физичка теорија на јазикот на геометријата покажувајќи дека Ајштајновата теорија може да биде објаснета како нова теорија на Вселената во која просторот и времето заедно ги определуваат основните својства на геометријата. Со други зборови, просторот и времето треба да се обединат во свет со четири димензии познат како (простор-време(. Што се однесува до гравитацијата, Ајштајн дошол на револуционерна идеа дека таа е последица на закривеноста на просторот под дејство на распоредената маса и енергија во него. Следува дека, телата не се движат по закривени орбити под дејство на гравитационата сила, туку се движат по права патека во закривен простор. Масата на Сонцето го закривува простор-времето околу себе, така што и покрај тоа што Земјата се движи праволинински во четиридимензионалното простор-време, нам ни изгледа дека таа се движи по кружна патека во тродимензионален простор. Соодветно и светлината од некоја далечна звезда, минувајќи покрај Сонцето се отклонува за мал агол, така што на набљудувачот на Земјата му изгледа дека таа звезда се наоѓа на друго место. Овој ефект успешно се регистрира за време на затемнувањето на Сонцето.
Теориите на Ајнштајн многу придонеле за револуционерната промена на сфаќањето на Вселената. Стариот модел на непроменлива Вселена, бил заменет со моделот на Фридман, за динамична Вселена која се шири и која, по се изгледа, започнала пред некое конечно време и која може да исчезне по некое време. И општата теорија на релативност не е целосна теорија: таа не е во состојба да одговори на прашањето како настанала Вселената, или на прашањето што се случува во центарот на црната дупка? Во првите моменти на создавањето, димензиите на Вселената биле толку мали што за опишување на нејзиното поведение неоходно е користење на една друга голема теорија на дваесетиот век - квантната механика. Денес, еден од најголемите предизвици на физичарите е формулирање на теорија која би ги обединела гравитацијата и квантната механика. Ваквата обиденета теорија, позната како Квантна Гравитација, би била универзална теорија способна да ги објасни сите појави во природата. Тоа бил и предизвик на Ајнштајн кој последните 10 години од својот живот ги поминал во потрага за една ваква обединета теорија.
DarkAngelMKD
DarkAngelMKD
Администратор
Администратор

Број на мислења : 145
Join date : 2010-10-03
Age : 34
Местолокација : Струга

http://www.saad.con.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот