Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.

Join the forum, it's quick and easy

Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.
Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Месечина
Март 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Calendar Calendar

Анкета
online survey
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди

Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

Јупитер 50254_146336615409267_661_n

На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето Very Happy

Comments: 0

Latest topics
» Жртви на вселенските истражувања
Јупитер EmptyНед Окт 24, 2010 4:06 pm by DarkAngelMKD

» една забелешка
Јупитер EmptyЧет Окт 14, 2010 5:49 pm by anti-spam-master

» Четири телескопи за онлајн сликање на ѕвезди
Јупитер EmptyСре Окт 13, 2010 10:45 pm by DarkAngelMKD

» Астрономијата го одбележа дваесеттиот век
Јупитер EmptyВто Окт 12, 2010 10:41 pm by DarkAngelMKD

» Слика од јадрото на Халеевата Комета
Јупитер EmptyВто Окт 12, 2010 10:20 pm by DarkAngelMKD

» Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Јупитер EmptyВто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

» Ауригиди
Јупитер EmptyПон Окт 11, 2010 9:22 pm by DarkAngelMKD

» Ориониди
Јупитер EmptyПон Окт 11, 2010 8:42 pm by DarkAngelMKD

» Персеиди
Јупитер EmptyПон Окт 11, 2010 8:33 pm by DarkAngelMKD

Statistics
Постојат b>12 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Marija

Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
In total there is 1 user online :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 1 Гост

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 22 во Пет Окт 08, 2021 11:35 pm
RSS feeds


Yahoo! 
MSN 
AOL 
Netvibes 
Bloglines 


Social bookmarking

Social bookmarking reddit      

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website


Јупитер

Go down

Јупитер Empty Јупитер

Пишување by DarkAngelMKD Пон Окт 04, 2010 4:19 pm

Јупитер Images?q=tbn:ANd9GcRdfgH4Kh3xgR8CO6ves1tJ3hAT7xudhcHGSVMgpIZK0KZi2hI&t=1&usg=__J6MMlnfzpCmvHqaTjETtlEaFrNE=
Јупитер е петтата планета од Сонцето, и убедливо најголема во Сончевиот систем. Покрај Јупитер има уште три гасни џинови во сончевиот систем - Сатурн, Уран и Нептун.

Објаснување

Јупитер е најчесто четвртиот најсветол објект на небото (после Сонцето, Месечината и Венера); со тоа што понекогаш Марс може да биде посветол.
Јупитер е 2.5 пати помасивен од сите други планети заедно, до толку што неговиот центар на маса со Сонцето всушност лежи над сончевата површина (1.068 соладни радии од центарот на сонцето). Тој е 318 пати помасивен од Земјата, со дијаметар 11 пати поголем од земјиниот, и со волумен 1300 пати поголем од земјиниот. Природно, Јупитеровото гравитационо влијание доминирало во еволуцијата на сончевиот систем: мнозинството од планетарните орбити лежат поблизу до Јупитеровата орбитална рамнина отколку до сончевата екваторијална рамнина, мнозинството кратко-временски комети припаѓаат на Јупитеровата фамилија (резултат од Јупитеровата маса и релативната брзина), Кирквудовите дупки во астероидниот појас во најголема мера се предизвикани од Јупитер, дури и се смета дека е можно да е одговорен за касното тешко бомбардирање на внатрешноста на сончевиот систем. Некои го опишуваат сончевиот систем како Сонцето, Јупитер и останатите парчиња. Некои го опишуваат Јупитер како правосмукалка на сончевиот систем поради огромната гравитациона сила.
Колку и да е импресивна јупитеровата маса, забележани се дури и помасивни планети вон сончевиот систем. Не постои јасно разграничување помеѓу огромните масивни планети како Јупитер, и кафените џуџе - ѕвезди, и покрај тоа што вторите имаат доста специфични спектрални линии. Во поново време, ако супермасивен објект е над 12 јупитерови маси, односно доволно масивен за да може да согорува деутериум, тогаш тој се смета за кафена џуџе ѕвезда; под таа маса - планета. Јупитер има максимален можен дијаметар за планета со таков состав; додатна маса би резултирала со понатамошна гравитациона компресија, што теоретски води кон отпочнување нуклеарна фисија и создавање нова ѕвезда. Ваквото размислување било повод некои астрономи да го наречат Јупитер "пропадната ѕвезда", иако Јупитер треба да биде дури седумдесет пати помасивен да би можел да стане ѕвезда.
Јупитер, истотака ротира најбрзо од сите планети во сончевиот систем. Комплетна ротација околу сопствената оска прави за нешто помалку од 10 часови. Како резултат има екваториална дефомација што лесно може да се види дури и низ аматерски телескоп од Земјата. Јупитер е перцептивно покриен со слој облаци, составени од кристали на амониак и можеби амониум-хидросулфиди, и возможно е воопшто да нема никаква цврста површина. Неговото најпознато обележје е Големата Црвена Дамка, олуја поголема од Земјата што за прв пат била набљудувана од Галилео пред четири века. Изненадувачки, математичките модели укажуваат на тоа дека оваа олуја е стабилна и можеби трајна карактеристика на планетата. Во 2000-та, три помали дамки се споија и формираа една поголема , наречена "Oval BA", која подоцна доби црвена боја многу слична на Големата Црвена Дамка. Јупитер околу својата оска се завртува за 10 часа а околу Сонцето за 11,86 години.Најпознати сателити на Јупитер се:IO,EUROPA,GANYMEDE,CALLISTO.

Историски осврт

Јупитер е познат уште од дамнешни времиња и е видлив со голо око на ноќното небо. Римјаните го именувале по богот од Римската митологија Јуптер(богот), уште познат и како Јова. Астрономскиот симбол за планетата е стилизирана репрезентација од боговската грмотевица.
Кинезите, Кореанците, Јапонците, и Виетнамците ја нарекуваат оваа планета дрвена ѕвезда, 木星 ,базирано на Кинеските Пет Елементи (интересно, низ мал телескоп и наликува на попречно пресечено дрво со Големата Црвена Дамка како чвор на дрвото). Во Ведик астрологијата, Хинду астролозите го нарекуваат Јупитер "Гуру" што значи "Умниот".
Во 1610, Галилео Галилеј ги открил четирите најголеми природни сателити месечини на Јупитер, Ио, Европа, Ганимед и Калисто (познати како Галилеови месечини) користејки телескоп. Тоа било првото набљудување на месечини различни од земјината. Истотака, ова било првото откритие на небеско орбитално движење чиј центар не е земјата. Тоа било клучен аргумент во корист на Коперниковата хелиоцентрична теорија за движењето на планетите; Галилеовата несомнена поддршка на Коперниковата теорија го довела во неволја со Инквизицијата.

Физички својства


Состав на планетата
Јупитер е составен од релативно мало карпесто јадро, опкружено со метален водород, опкружен со течен водород, кој пак е опкружен со гасен водород. Нема јасна граница меѓу трите агрегатни состојби на водородот - приближувајки се кон јадрото преодот од гас во течност е постепен. Јупитер во потесна смисла е составен од:H(90%)и од He(10%).

Атмосфера

Јупитеровата атмосфера е составена од ~81% водород и ~18% хелиум, сметано по број на атоми. Атмосферата е ~75%/24% по маса; со ~1% од масата составен од други субстанции - внатрешноста содржи погусти материјали како на пример сооднос ~71%/24%/5%. Атмосферата содржи траги од метан, водена пара, амонјак, и "карпи". Има истотака, траги од јаглен, етан, водороден сулфат, неон, кислород, фосфин, и сулфур. Најнадворешните слоеви од атмосферата содржат кристали на замрзнат амонјак.
Атмосферскиот состав е многу сличен на составот на сончевата маглина. Сатурн има сличен состав, но Уран и Нептун имаат многу помалку водород и хелиум.
Јупитеровата атмосфера поминува низ диференцијална ротација, ефект што бил забележан за прв пат од Џованини Доменико Касини, 1690 година. Ротацијата на Јупитеровиот поларен регион на атмосферата е ~5 минути подолг од оној на екваторијалната атмосфера. Уште повеќе, групи на облаци на различни висини, познати како тропски региони, се дрижат во спортивна насока од моментните ветрови. Интеракцијата на овие конфликтни Атмосферски циркулации предизвикува олуи и турбуленции. Ветрови со брзини од 600 км/ч се неретки. Особено силна олуја, околу три пати поголема од земјиниот дијаметар, е позната како Големата Црвена Дамка, и досега е набљудувана од земјата повеќе од три векови.
Единствениот вселенски брод кој влегол во Јупитеровата атмосфера заради научни мерења е Галилео - вселенскиот брод. Тој прати атмосферска сонда во Јупитер по пристигнувањето во 1995, и подоцна и самиот влезе во Јупитеровата атмосфера и согоре во 2003.
Форми на облаци на Јупитер.

Планетарни прстени

Јупитер има тенок планетарен прстен составен од прашина што потекнува од неговите месечини при судир со метеори. Главниот прстен е создаден од прашина од сателитите Адреста и Метис. Два широки пофини прстени го опкружуваат главниот прстен, и потекнуваат од Тиб и Амалтеа. Истотака постои и многу тенок и оддалечен надворешен прстен што кружи околу Јупитер во обратна насока. Неговото потекло е непознато, и можеби е составен од меѓупланетарна прашина.

Магнетосфера

Јупитер има многу голема и јака магнетосфера. Всушност, при набљудување на Јупитеровото магнетно поле од земјата, тоа ќе изгледа пет пати поголемо од полната месечина на небото, и покрај огромното растојание. Ова магнетно поле абсорбира огромен флукс од радијацијата во Јупитеровиот радиационен појас, како и продукцијата на драматичен гас торус и флукс цевка поврзана со Ио. Јупитеровата магнетосфера е најголемата планетарна структура во сончевиот систем.
Сондите Пионер потврдија дека Јупитеровото енормно магнетно поле е 10 пати појако од земјиното и содржи 20,000 пати повеќе енергија. Осетливите инструменти во сондите открија дека северниот пол на Јовианото магнетно поле е во планетната географска јужна страна, со оска на магнетното поле отклонета за 11 степени од Јовианата ротациона оска и распон од центарот на Јупитер на начин сличен на оската на магнетното поле на земјата. Пионерите ја измерија границата до која доаѓа сончевиот ветер до Јовианите планети, на распон од 26 милиони километри, со магнетна опашка што се протега подалеку и од Сатурновата орбита.
Податоците покажаа дека магнетното поле флуктира рапидно во димензии на Јупитеровата страна насочена кон сонцето поради варијации на притисокот во сончевиот ветер, ефект кој беше проучуван подетално со двата Војаџер вселенски бродови. Истотака, беше откриено дека протоци од високо-енергетски атомски честички се зрачат од Јовиановата магнетосфера кои патуваат дури и до орбитата на земјата. Енергетски протони беа пронајдени и измерени во Јовианиот радиационен појас и протоци на електрична енергија помеѓу Јупитер и некои од неговите месечини, особено Ио.

Истражување на Јупитер

Јупитер досега беше посетен од неколку сонди.

Пионер пролетувачките мисии

Пионер 10 пролета покрај Јупитер во декември 1973, следен од Пионер 11 точно една година покасно. Тие испратија нови важни податоци за Јупитеровата магнетосфера, и направија фотографии со ниска резолуција од планетата.

Војаџер пролетувачките мисии

Војаџер 1 пролета во март 1979 следен од Војаџер 2 во јули истата година. Војаџерите драстично го подобрија разбирањето за Галилеовите месечини и ги открија Јупитеровите прстени. Тие истотака ги направија првите блиски слики од атмосферата на планетата.

Улс протелувачки мисија

Во февруари 1992, Улс соларната сонда изведе пролетување покрај Јупитер на растојание од 450,000 километри (6.3 Јовиани радии). Пролетувањето се очекуваше да постигне поларна орбита околу Сонцето. Сондата спроведе студии за Јупитеровата магнетосфера. Бидејки немаше камери, сондата не направи никакви фотографии. Во февруари 2004, сондата повторно дојде во близина на Јупитер. Овој пат растојанието беше многу поголемо, околу 240 милиони километри.

Мисија Галилео

Единствениот вселенски брод што орбитирал околу Јупитер е вселенскиот брод Галилео, кој влезе во орбитата на Јупитер на 7.Декември 1995. Тој орбитираше околу планетата преку седум години и направи повеќе пролетувања на Галилеевите месечини, и месечината Амалтеа. Вселенскиот брот истотака сведочеше на судирот на кометата Шоемејкер-Леви 9 со Јупитер како што се приближуваше кон планетата 1994, давајќи уникатна шанса за набљудување на овој спектакуларен настан. Додека информациите собрани за Јовианиот систем од Галилео беа детални, неговиот капацитет во првобитниот дизајн беше ограничен поради неуспехот за инсталирање на високоопсежна радио трансмитерска антена.
Атмосферска сонда беше пуштена од вселенскиот брод во Јули, 1995. Сондата влезе во атмосферата на 7.Декември 1995. Таа се спушти 150км низ атмосферата, собирајќи податоци 57.6 минути, пред да биде смачкана од екстремниот притисок на кој беше изложена. Таа би се стопила и испарила набрзо по тоа. Галилео орбитерот имаше поекстремна верзија на истата судбина кога намерно беше насочен кон планетата на 21.Септември 2003 при брзина од преку 50км/сек, со цел да избегне било каква можност за рушење и можеби загадување на месечината Европа, една од Јовианите месечини. 123456879

Касини пролетувачката мисија

Во 2000, сондата Касини-Хигенс, на пат кон Сатурн, прелета покрај Јупитер и испрати неколку слики од планетата со највисока резолуција било кога направени.

Идни сонди

НАСА планира мисија за истражување на Јупитер подетално од поларната орбита. Наречен е Џуно (вселенски брод), и планиран за лансирање до 2010.
По откривањето на течен океан на Јупитеровата месечина - Европа, постои голем интерес за проучување на ледените месечини подетално. НАСА предложи мисија посветена на нивно истражување. Се очекуваше Орбитерот на Јупитеровите ледени месечини да биде лансиран некаде после 2012. Сепак, мисијата беше оценета како преамбициозна и финансирањето беше запрено.
Во 2007, Јупитер ќе биде накусо посетен од сондата Нови хоризонти, на пат накај Плутон.

Природни сателити

Јупитер има барем 63 месечини.
Четирите големи месечини, познати како Галилеови месечини, се: Ио, Европа, Ганимед, Калисто.

Класификација на месечините на Јупитер

Пред откритијата на мисијата Војаџер, месечините на Јупитер биле подредени во четири групи од по четири. Од тогаш, големиот број на нови надворешни планети ја искомплицира оваа слика. Сега се смета дека има шест групи, иако некои се поразлични од другите. Во основа поделбата е помеѓу осум внатрешни регуларни месечини со скоро кружни орбити близу до Јупитеровиот екватор, за кои се верува дека се формирани заедно со Јупитер, и непознат број на мали нерегуларни месечини, со елиптични и накривени орбити, за кои се верува дека се астероиди или фрагменти од астероиди фатени од гравитацијата на Јупитер.
  • Регуларни месечини
  • Внатрешната група од четири мали месечини, сите имаат дијаметри помали од 200 km, орбити во радиус помали од 200.000 km, и имаат орбитални отстапувања помалку од половина степен.
  • Четирите Галилеови месечини се откриени од Галилео Галилеј, со орбити помеѓу 400,000 и 2,000,000 km, и вклучуваат некои од најголемите месечини во Сончевиот систем.

  • Нерегуларни месечини
  • Темисто е во нејзината група, орбитирајки на пола пат меѓу Галилеовите месечини и следната група.
  • Групата Хималиа е тесно групирана група месечини со орбити околу 11-12,000,000 km од Јупитер.
  • Карпо е друг изолиран случај на внатрешната страна на Ананке групата, кружи во соодветната насока.
  • Ананке група е група на сателити, одалечена околу 21,276,000 km од Јупитер со просечна инклинација од 149 степени.
  • Карме група е сосема различна група, на просечна оддалеченост од 23,404,000 km од Јупитер, со просечна инклинација од 165 степени.
  • Пасифи група е група на сателити дисперзирана во надворешниот појас.

Се смета дека групата на надворешни сателити / месечини секоја посебно си има свое потекло, најверојатно како поголема месечина или како заробено тело од гравитацијата на Јупитер.
DarkAngelMKD
DarkAngelMKD
Администратор
Администратор

Број на мислења : 145
Join date : 2010-10-03
Age : 34
Местолокација : Струга

http://www.saad.con.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот