Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.

Join the forum, it's quick and easy

Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.
Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Месечина
Март 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Calendar Calendar

Анкета
online survey
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди

Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

Повеќеѕвезден систем 50254_146336615409267_661_n

На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето Very Happy

Comments: 0

Latest topics
» Жртви на вселенските истражувања
Повеќеѕвезден систем EmptyНед Окт 24, 2010 4:06 pm by DarkAngelMKD

» една забелешка
Повеќеѕвезден систем EmptyЧет Окт 14, 2010 5:49 pm by anti-spam-master

» Четири телескопи за онлајн сликање на ѕвезди
Повеќеѕвезден систем EmptyСре Окт 13, 2010 10:45 pm by DarkAngelMKD

» Астрономијата го одбележа дваесеттиот век
Повеќеѕвезден систем EmptyВто Окт 12, 2010 10:41 pm by DarkAngelMKD

» Слика од јадрото на Халеевата Комета
Повеќеѕвезден систем EmptyВто Окт 12, 2010 10:20 pm by DarkAngelMKD

» Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Повеќеѕвезден систем EmptyВто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

» Ауригиди
Повеќеѕвезден систем EmptyПон Окт 11, 2010 9:22 pm by DarkAngelMKD

» Ориониди
Повеќеѕвезден систем EmptyПон Окт 11, 2010 8:42 pm by DarkAngelMKD

» Персеиди
Повеќеѕвезден систем EmptyПон Окт 11, 2010 8:33 pm by DarkAngelMKD

Statistics
Постојат b>12 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Marija

Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
Севкупно има 2 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 2 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 22 во Пет Окт 08, 2021 11:35 pm
RSS feeds


Yahoo! 
MSN 
AOL 
Netvibes 
Bloglines 


Social bookmarking

Social bookmarking reddit      

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website


Повеќеѕвезден систем

Go down

Повеќеѕвезден систем Empty Повеќеѕвезден систем

Пишување by DarkAngelMKD Пон Окт 11, 2010 2:19 am

Повеќеѕвезден систем HD188753_orbit
Повеќеѕвезден систем е систем составен од три или повеќе ѕвезди кои гледани од Земјата изгледаат дека се блиску една до друга на небото. Ова може да е резултат на ѕвезди кои се физички блиску и кои ги поврзува гравитацијата тогаш велиме дека се работи за физички повеќеѕвезден систем, или може ѕвездите само да изгледаат дека се блиску една до друга тогаш велиме дека се работи за оптички повеќеѕвезден систем. Физичките повеќекратните ѕвездени системи исто така се нарекуваат и само ѕвездени системи.
Повеќето повеќекртани ѕвездени системи се тројни ѕвезди, а системите со четири, пет, шест или повеќе компоненти статистички поретко се среќаваат.
Повеќеѕвездените системи по големина се меѓу бинарен систем, две ѕвезди во стабилна орбита и отворено ѕвездено јато, кое е со посложена динамика и обично има од 100 до 1.000 ѕвезди. Повеќето повеќеѕвездени системи се организирани во хиерархија, при што помалите орбити се групирани внатре во поголемите орбити. Во ваквите системи взаемното дејство меѓу орбитите е мало, како при бинарни ѕвезди, и орбитите се стабилни. Други повеќеѕвездени системи, кои се наречени и трапезија (trapezia), обично се многу млади и нестабилни системи, но брзо се раздвојуваат во стабилни повеќеѕвездени системи. Пример за ваков систем е Трапезиум кое се наоѓа во срцето на маглината Орион.

Хиерархија на системите

Троен ѕвезден систем

Во троен ѕвезден систем секоја ѕвезда орбитира околу центарот на масата на системот. Обично две од ѕвездите формираат близок бинарен систем, а третата орбитира околу нив на поголемо растојание. Ваквата поставеност се нарекува хиерархиска. Причината за ова е тоа што ако внатрешните и надворешните орбити се со слична големина, системот може да стане динамички нестабилен, со што една од ѕвездите ќе биде отфрлена од системот.

Повеќе ѕвезди во системот

Повеќеѕвезден систем Mobile-diagrams
Мобилни дијаграми:
(a) мултиплекс;
(b) симплекс, бинарен систем;
(c) симплекс, троен систем;
(d) симплекс, систем од четири ѕвезди, хиерархија 2;
(e) симплекс, систем од четири ѕвезди, хиерархија 3;
(f) симплекс, систем од пет ѕвезди, хиерархија 4.

Хиерархиските повеќеѕвездени системи со повеќе од три ѕвезди можат да дадат бројни сложени поставености, што е илустрирано од Еванс (1968) и наречено мобилен дијаграм. Некои примери се прикажани на сликата лево. Секој од дијаграмите илустрира распаѓање на системот на два или повеќе системи кои се помали. Еванс дијаграмот го нарекува мултиплекс ако распаѓањето на некои подсистеми вклучува две или повеќе орбити со слична големина (повеќе од две „деца“). За тројните ѕвезди ова е нестабилно, но за системите со повеќе ѕвезди се очекува да бидат симплекс, односно на секое ниво да има точно две „деца“. Еванс нивоата во дијаграмот ги нарекува хиерархија.
Симплекс дијаграм, хиерархија 1, како во случајот (b), се однесува на бинарен систем.
Симплекс дијаграм, хиерархија 2 може да опише троен систем, како во случајот (c), или систем со четири ѕвезди, како во случајот (d).
Симплекс дијаграм, хиерархија 3 може да го опише било кој систем од четири до осум компоненти. Мобилниот дијаграм од случајот (e) е пример за систем од четири компоненти со хиерархија 3.
Пример за систем со хиерархија 3 е ѕвездата Кастор, ѕвезда позната и како Alpha Geminorum или α Gem. Составена е од она што изгледа како визуелна бинарна ѕвезда но со подетално испитување се гледа како систем на две спектроскопски бинарни ѕвезди. Ова би можело да биде систем од четири компоненти со хиерархија 2 како во случајот (d), но околу овој систем орбитира не толку видлива подалечна компонента, која е бинарно црвено џуџе. Така добиваме систем од шест компоненти со хиерархија 3.
Максималната хиерархија забележана во ѕвездениот каталог за повеќеѕвездени системи на А. А. Токовинин (A. A. Tokovinin), од 1999 година, е 4.[13] На пример, ѕвездите Gliese 644A и Gliese 644B го форимираат она што изгледа како визуелна бинарна ѕвезда; но бидејќи Gliese 644B е спектроскопски бинарна, овде всушност се работи за троен ѕвезден систем, чиј дел е и подалечниот придружник Gliese 643 и уште подалечниот Gliese 644C. Вака добиваме систем од пет компоненти чиј мобилен дијаграм е дијаграм од ниво 4, кој се појавува во случајот (f).
Можни се и повисоки хиерархии. Повеќето од овие повисоки хиерархии се или стабилни или имаат внатрешни пертурбации. Други пак, кои изгледаат како комплексни повеќеѕвездени системи, со време се раздвојуваат во помали комплекси на повеќеѕвездени системи.

Трапезија

Втората позната класа на повеќеѕвездени системи се младите системи трапезија, наречени според познатиот повеќеѕвезден систем познат како Трапезиум кој се наоѓа во срцето на маглината Орион. Ваквите системи не се ретки, обично се наоѓаат блиску до или во сјајна маглина. Овие ѕвезди немаат стандардна хиерархија, но имаат стабилни орбити при што центарот на гравитација не е фиксен во некоја точка, туку се поместува како што ѕвездите ја менуваат меѓусебната позицијата. Оваа врска е наречена interplay. Ваквите ѕвезди на крајот се сместуваат до бинарен систем со далечен придружник.

Орбитално движење во повеќеѕвезден систем

Пресметување на центарот на масата кај бинарна ѕвезда
Во обичен случај на бинарна ѕвезда, r1, растојанието од центарот на првата ѕвезда до центарот на масата е даден со:
Повеќеѕвезден систем A8c5ad10
каде:
a е растојанието меѓу двата ѕвездени центри а
m1 и m2 се масите на двете ѕвезди.
Ако a се земе да биде половина од главната оска, тогаш r1 ќе биде половина од главната оска од орбитата на првото тело околу центарот на масата или барицентар (barycentre), а r2 = a - r1 ќе биде половина од главната оска на орбитата на второто тело. Кога центарот на масата е лоциран во помасивно тело, тоа тело нема да има забележлива орбита, туку само ќе се ниша.

Анимација на центарот на масата
На анимациите позицијата на црвениот крст го покажува центарот на гравитација на системот.
Повеќеѕвезден систем Orbit1
(a.) Две тела со слична маса орбитираат околу заеднички центар на маса, (или барицентар).
Повеќеѕвезден систем Orbit2
(b.) Две тела со различна маса орбитираат околу заеднички барицентар.
Повеќеѕвезден систем Orbit3
(c.) Две тела со голема разлика во масите орбитираат околу заеднички барицентар (налик на системот Земја-Месечина)
Повеќеѕвезден систем Orbit4
(d.) Две тела со ектремна разлика во масата орбитираат околу заеднички барицентар (налик на системот Сонце-Земја)
Повеќеѕвезден систем Orbit5
(e.) Две тела со слична маса орбитираат во елипса околу заеднички барицентар.

Означување и номенклатура

Означување на повеќеѕвезден систем
Компонентите на повеќеѕвездените системи се означуваат со наставките A, B, C, итн. Наставките како AB може да се употребат за да означат пар на ѕвезди кои се A и B. Редицата на букви B, C, итн. се додаваат во зависност од раздвоеноста од компонентата A. Деловите кои се откриени блиску до веќе видена компонента може да се означат со наставките Aa, Ba, и така натаму.

Номенклатура во каталог за повеќеѕвездени системи
Повеќеѕвезден систем 150px-Tokovinin-multiple-star-notation
Каталогот за повеќеѕвездени системи Токовинин (A. A. Tokovinin's Multiple Star Catalogue) користи систем при кој секој подсистем во мобилниот дијаграм се означува со броеви. Во мобилниот дијаграм (d) од погоре, на пример, на најширокиот систем му е даден бројот 1, додека подсистемот кој е содржан во примарната компонента се означува како 11, а подсистемот од секундарната компонента е означен 12. Подсистемите кои се појавуваат под овој мобилен дијаграм се означуваат со троцифрени, четвороцифрени и повеќецифрени броеви. Кога се опишува со овој метод систем кој не е хиерархиски, истите броеви за подсистемите ќе се користат повеќе од еднаш. На пример, систем со видливи три компоненти, A, B и C, треба да се групира во два подсистеми означени како 1, а кои се однесуваат на двата бинарни системи AB и AC. Во овој случај, ако B и C се исто така групирани како бинарни, ќе им се даде ознака на подсистемски броеви 12 и 13.

Примери
Повеќеѕвезден систем 768px-HD_98800
HR 3617 е повеќеѕвезден систем со три компоненти, HR 3617A, HR 3617B и HR 3617C. A и B формираат физичка бинарна ѕвезда, додека C е оптичка.
Alpha Centauri е троен ѕвезден систем составен од главен бинарен пар жолто џуџе (Alpha Centauri A и Alpha Centauri B), и подалечно црвено џуџе, Proxima Centauri. Компонентите A и B формираат бинарна ѕвезда, означена како Alpha Centauri AB, α Cen AB, или RHD 1 AB, каде AB означува дека се работи за бинарен систем.
HD 188753 е физички троен ѕвезден систем лоциран на приближно 149 светлосни години од Земјата, во соѕвездието Лебед. Системот е составен од HD 188753A, жолто џуџе; HD 188753B, портокалово џуџе; и HD 188753C, црвено џуџе. Компонентите B и C орбитираат еден околу руг на секои 156 дена, а како група орбитираат околу компонентата A на секои 25,7 години. Постои и врела планета налик на Јупитер која орбитира многу блиску до ѕвездата A.
Поларис или Alpha Ursa Majoris (α UMa), ѕвездата Северница, е троен ѕвезден систем каде едниот придружник е екстремно блиску до главната ѕвезда—толку блиску што за него се знаеше само поради неговото гравитациско дејство врз Polaris A (α UMa A) сè додека конечно е снимен со телескопот Хабл во 2006 година.

Понатамошна номенклатура на повеќеѕвездените системи

Постоечката номенклатура за двојни и повеќеѕвездени сситеми може да направи збрка. На пример, означувањето на двојните ѕвезди за видливите бинарни ѕвезди и означувањето на променливите ѕвезди за еклипсните бинарни ѕвезди, или може да се додаваат различни букви од различни автори, па се случува она што некој го означил како A за друг да биде C. Од 1999 година, договорени се четири шеми за решавање на овој проблем:
  • KoMa, хиерархиска шема која користи повисоки и пониски букви, како и арапски и римски цифри;
  • Urban/Corbin Designation Method, хиерархиска нумеричка шема налик на системот Dewey Decimal;
  • Sequential Designation Method, шема без хиерархија, каде на компонентите и подсистемите им се додаваат броеви според редоследот на откривањето; и
  • WMC, the Washington Multiplicity Catalog, хиерархиска шема каде наставките кои се користат во Washington Double Star Catalog се прошируваат со дополнителни букви и броеви како наставки.
DarkAngelMKD
DarkAngelMKD
Администратор
Администратор

Број на мислења : 145
Join date : 2010-10-03
Age : 34
Местолокација : Струга

http://www.saad.con.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот