Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.

Join the forum, it's quick and easy

Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Добредојдовте на официјалниот форум на СААД!!!

Зачленете се или пријавете се и уживајте во престојот.
Струшко Аматерско Астрономско Друштво
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Месечина
Април 2024
ПонВтоСреЧетПетСабНед
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930     

Calendar Calendar

Анкета
online survey
Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди

Вто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

Карл Саган 50254_146336615409267_661_n

На 21 Октомври Струшкото Аматерско Астрономско Друштво организира набљудување на метеорскиот дожд Ориониди.Локацијата на овој настан ќе биде Автокампот АС - Струга,со почеток од 00:00 часот па се до раните утрински часови,нормално ако не послужи времето Very Happy

Comments: 0

Latest topics
» Жртви на вселенските истражувања
Карл Саган EmptyНед Окт 24, 2010 4:06 pm by DarkAngelMKD

» една забелешка
Карл Саган EmptyЧет Окт 14, 2010 5:49 pm by anti-spam-master

» Четири телескопи за онлајн сликање на ѕвезди
Карл Саган EmptyСре Окт 13, 2010 10:45 pm by DarkAngelMKD

» Астрономијата го одбележа дваесеттиот век
Карл Саган EmptyВто Окт 12, 2010 10:41 pm by DarkAngelMKD

» Слика од јадрото на Халеевата Комета
Карл Саган EmptyВто Окт 12, 2010 10:20 pm by DarkAngelMKD

» Набљудување на метеорскиот дожд Ориониди
Карл Саган EmptyВто Окт 12, 2010 7:21 pm by DarkAngelMKD

» Ауригиди
Карл Саган EmptyПон Окт 11, 2010 9:22 pm by DarkAngelMKD

» Ориониди
Карл Саган EmptyПон Окт 11, 2010 8:42 pm by DarkAngelMKD

» Персеиди
Карл Саган EmptyПон Окт 11, 2010 8:33 pm by DarkAngelMKD

Statistics
Постојат b>12 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Marija

Нашите членови се испратиле точно 152 мислења in 140 subjects
Кој е он-лајн?
In total there is 1 user online :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 1 Гост

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 22 во Пет Окт 08, 2021 11:35 pm
RSS feeds


Yahoo! 
MSN 
AOL 
Netvibes 
Bloglines 


Social bookmarking

Social bookmarking reddit      

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Струшко Аматерско Астрономско Друштво on your social bookmarking website


Карл Саган

Go down

Карл Саган Empty Карл Саган

Пишување by DarkAngelMKD Пон Окт 11, 2010 1:56 am

Карл Саган Carl_Sagan_Planetary_Society
Карл Саган
(1934 - 1996)

Карл Саган (англиски: Carl Edward Sagan; роден на 9 ноември 1934; починал на 20 декември 1996) бил американски астроном, астрохемичар, автор и голем популаризатор на астрономијата, астрофизика и на другите природни науки. Тој е пионер на полето на егзобиологијата и промотор на истражувањата поврзани со потрага по вонземска интелигенција (англиски термин: Search for Extra-Terrestrial Intelligence - SETI).
Во светот е најпознат по книгите за популаризација на науката и како коавтор на многу наградуваната серија од осумдесеттите години на минатиот век Космос: Лично патување, која е гледана од повеќе од 600 милиони луѓе во повеќе од 60 земји во светот, што ја прави оваа емисија една од најшироко прикажуваните во светот[2]. Заедно со оваа научно-популарна серија беше издадена и книга со истиот наслов. Карл Саган е, исто така, и автор на романот Контакт врз основа на кој во 1997 година е снимен филм со истиот наслов, со Џоди Фостер во главната улога. Во текот на својот живот Карл Саган има отпечатено повеќе од 600 научни статии и статии за популаризација на науката. Тој, исто така, е автор, коавтор или уредник на повеќе од 20 книги. Својата работа ја темелел врз научниот скептицизам, секуларниот хуманизам, како и врз научниот метод.

Образование и научна кариера

Карл Саган е роден Бруклин, Њујорк, во еврејско семејство (кое води потекло од Русија). Неговиот тако Сем Саган бил руски имигрант, а неговата мајка Рејчел Моли Грубер била домаќинка. Студиите по физика ги завршил на Универзитетот во Чикаго во 1955 година, а магистер по физички науки станува во 1956. Со звањето доктор на науки од областа астрономија и астрофизика се стекнува во 1960 година. Во периодот од 1960 до 1962 година како стипендист работи на Универзитетот во Калифорнија во Беркли. Во периодот од 1962 до 1968 година работи во Опсерваторијата за астрофизика Смитсониан во Кембриџ, Масачусетс.
До 1968 Саган редовно држел предавања на Универзитетот Харвард, а потоа на Универзитетот Корнел. Во 1971 година станува редовен професор на Универзитетот Корнел и станува раководител на Лабораторијата за планетарни студии. Во периодот од 1971 до 1981 станува помошник директор на Центарот за радиофизика и истражување на веселената во Корнел.
Саган претставува една од водечките фигури во вселенската програма на САД од нејзиното започнување. Тој работел и како советник на НАСА. Една од многуте задачи кои ги имал во агенцијата била и да врши интервјуа со потенцијалните астронаути за мисиите Аполо чија цел беше испраќање на човек на Месечината. Саган учествувал и во дизајнирањето на роботски управуваните вселенски летала на НАСА кои го истражувале нашиот Сончев систем, како и во подготвувањето на некои од експериментите на експедициите во рамките на оваа агенција. Една од неговите најпознати идеи во рамките на неговата работа во НАСА е и дизајнирањето на универзални пораки кои би можело да бидат разбрани од вонземски цивилизации на вселенските летала како што се: Пионир 10 лансиран во 1972, Пионир 11 лансиран во 1973. Во текот на својот живот тој продолжил да се занимава со дизајнирање на ваков тип на пораки, па така најнапредната варијанта на пораки од сличен тип (кои досега го имаат напуштено нашиот Сончев систем) се наоѓаат во форма на златна плоча на вселенските летала Војаџер кои беа лансирани во 1977 година.

Научни достигнувања

Придонесот на Карл Саган бил клучен за откривањето на високите температури на површината на планетата Венера. Неговите погледи дека оваа планета е многу сува и жешка беа во спротивност со мислењата на поголемиот број научници во шеесеттите години кои Венера ја замислуваа како планета со многу пријатна клима. Со анализа на радиосигналите емитирани од површината на Венера тој заклучил дека температурата на површината од планетата изнесува околу 500 °C. Како дел од истражувачкиот дим на лабораторијата „Млазен Погон“ на НАСА (на англиски: NASA Jet Propulsion Laboratory) тој учествувал во дизајнирањето и управувањето на проектот Маринер во рамките на кој беше планирано и испраќање на вселенско летало на Венера. Резултатите што беа добиени од вселенското летало Маринер 2 во текот на 1962 година ги потврдија тврдењата на Саган за климатските услови на површината на Венера.
Саган е еден од првите кои ја изнел хипотезата дека месечината Титан на планетата Сатурн) може да има океани од супстанци во течна состојба на својата површина, како и дека месечината Европа на планетата Јупитер може да има океани од вода. Ваквата шпекулација ја прави Европа потенцијално место каде би можел да се развие живот. Постоењето на вода под површината на Европа подоцна било на индиректен начин потврдено од анализите направени со вселенското летало Галилео. Саган, исто така, помогнал во изнаоѓањето на задоволително објаснување за црвената нијанса која ја има месечината Титан на планетата Сатурн. Тој смета дека ова обојување потекнува од комплексни органски молекули кои паѓаат на површината на месечината во форма на дожд.
Тој исто така го предвидел и глобалното затоплување кое претставува закана за нашата планета и со помош на ефектот на стаклена градина претпоставувал дека нашата планета би можела да стане неподобна за живот слично како Венера.
Заедно со некои негови колеги од Универзитетот Корнел, Саган спекулирал за можноста на постоење живот во облаците на Јупитер.
Промената на боите на планетата Марс тој ја толкувал како резултат на ветриштата кои дуваат на таа планета, а не како што некои верувале како резултат на постоење вегетација на таа планета.
Сепак, Карл Саган е најпознат по своите истражувања поврзани со можностите за потрага по вонземски живот. Во рамките на овие истражувања тој се занимавал и со испитување на можностите за синтеза на аминокиселини од едноставни хемиски супстанци во присуство на радијација.

Професионална активност

Саган бил поддржувач на потрагата по вонземски цивилизации. Тој се залагал за поголемо користење на радиотелескопите во потрагата по интелигентни сигнали од вонземски цивилизации. Бил толку настојчив во врска со СЕТИ истражувањата, што во 1982 година успеал во реномираното научно списание „Наука“ (Science) да публикува петиција потпишана од 70 научници во која биле вклучени и седум добитници на Нобелова награда. Ова претставувало пресвртница во однос на стекнувањето на извесен научен кредибилитет на ова контроверзно научно поле. Со помош на д-р Френк Дрејк (Frank Drake) ја имаат напишано Арецибо пораката – радио порака која е испратена во вселената со помош на Арецибо радио телескопот на 17 ноември 1974 година. Целта на оваа порака била да се испрати информација до евентуално постоечките вонземски цивилизации за постоење на живот на Земјата.
Карл Саган во текот на дванаесет години бил одговорен за технологијата на Икарус (Icarus) – научното списание за истражување на патентите. Тој е еден од основачите на „Планетарното друштво“ (Planetary Society) – најголемата светска интересна група (со повеќе од милион членови) која се занимава со истражување на вселената. Тој, исто така, бил и еден од членовите на управниот одбор на Институтот СЕТИ (SETI Institute). Саган бил раководител на одделот за планетарни науки на Американското астрономско друштво (American Astronomical Society), потоа бил претседател на секцијата за планетологија на Американското друштво за геофизика (American Geophysical Union) и др.
Во текот на Студената војна, Саган бил вклучен во активности за зголемување на јавната свест за последиците од нуклеарната војна, и за тоа во колкава мерка таа би се рефлектирала врз деликатната рамнотежа во која егзистира животот на Земјата.
Во јануари 1991 година, Саган погрешно предвидел дека чадот кој настанал од запалените нафтени полиња во текот на Војната во заливот „може во голема мера да влијае врз земјоделството на јужна Азија“.
Во текот на последните години од својот живот, Карл Саган се залагал за создавање на организација за следење на вселенските објекти кои би можеле да се судрат со Земјата.

Популаризација на науката

Саган имал извонредна способност да им помогне на луѓето подобро да го разберат космосот - истовремено нагласувајќи ја вредноста и значењето на човештвото, како и неговата релативна неважност во споредба со универзумот. Тој беше водител и заедно со неговата сопруга Ен Драјан, беше сценарист и продуцент на популарната серија Космос: Лично патување (оригинален наслов: Cosmos: A Personal Voyage).
Серијата покриваше повеќе научни аспекти како што се потеклото на животот и нашето место во универзумот. Серијата за првпат била емитувана во САД во 1980 година. Во средината на осумдесетите серијата беше емитувана и во Македонија. Според НАСА до денес серијата е емитувана во повеќе од 60 држави и презентирана е пред околу 600 милиони луѓе.
Саган, исто така, е автор и на книгата „Космос“ во која се дискутирани темите кои се обработени во телевизиската серија. Оваа книга, до денес претставува најпродаваната научно-популарна книга напишана на англиски јазик. Тој е автор и на популарниот научно-фантастичен роман „Контакт“, но за жал не доживеа да го види филмот кој во 1997 година беше снимен според според романот, со Џоди Фостер во главната улога.
Неговата книгата „Бледата сина точка: Визија за иднината на човештвото во вселената“ (насловот во оригинал: Pale Blue Dot: A Vision of the Human Future in Space), која претставува своевидно продолжение на книгата „Космос“, доживеала голем успех во 1995 година. Саган, исто така, го напишал и воведот за популарната книга на Стивен Хокинг, „Кратка историја на времето“.

Личнен живот и убедувања

Саган често пати пишувал за религијата и за односот на религијата и науката и при тоа го изразувал својот скептицизам за конвенционалното поимање на Господ како суштество со човечки лик. Саган во една прилика кажал декал „Идејата дека Бог претставува голем бел маж со брада, кој седи на небото и ги брои врапчињата е смешна. Но, ако под Господ се подразбираат физичките закони кои владеат со универзумот, тогаш сигурно постои таков. Овој Господ не може емоционално да се задоволи... нема многу смисла во тоа да му се молиме на законот за гравитација“. Саган беше сметан за човек со слободна мисла или за скептик. Еден од неговите најчести цитати во „Космос“ е: „За силните тврдења потребни се цврсти докази“. Саган себеси не се сметал за атеист велејќи дека „атеистот треба да знае многу повеќе од мене“. Во одговор на едно директно прашање во 1996 година за своите религиозни убедувања тој рекол: „Јас сум агностик“.
Саган во брак стапил три пати: во 1957 со биологот Лин Маргулис, мајка на Дорион Саган и Џереми Саган; во 1968 со уметникот Линда Салцман, мајка на Ник Саган и во 1981 со авторот Ен Драјан, мајка на Александра Рејчел (Саша) и Семјуел Демокритус (Сем). Со Ен Драјан бил во брак сѐ до неговата смрт, во 1996 година.
Исак Асимов за Саган рекол дека е еден од двајцата луѓе на планетава кои се поумни од него самиот. Вториот е научникот за компјутери и експерт за вештачка интелигенција Марвин Мински.

Награди и признанија

Карл Саган е добитник на бројни награди и признанија. Следуваат во оригинал:
  • Annual Award for Television Excellence - 1981 - Ohio State University - PBS series Cosmos: A Personal Voyage
  • Apollo Achievement Award - National Aeronautics and Space Administration
  • NASA Distinguished Public Service Medal - National Aeronautics and Space Administration (двапати)
  • Emmy - Outstanding Individual Achievement - 1981 - PBS series Cosmos
  • Emmy - Outstanding Informational Series - 1981 - PBS series Cosmos
  • Exceptional Scientific Achievement Medal - National Aeronautics and Space Administration
  • Helen Caldicott Leadership Award - Women's Action for Nuclear Disarmament
  • Hugo Award - 1981 - Cosmos
  • Humanist of the Year - 1981 - Awarded by the American Humanist Association
  • In Praise of Reason Award - 1987 - Committee for the Scientific Investigation of Claims of the Paranormal
  • Isaac Asimov Award - 1994 - Committee for the Scientific Investigation of Claims of the Paranormal
  • John F. Kennedy Astronautics Award - American Astronautical Society
  • John W. Campbell Memorial Award - 1974 - Cosmic Connection: An Extraterrestrial Perspective
  • Joseph Priestley Award - "For distinguished contributions to the welfare of mankind"
  • Klumpke-Roberts Award of the Astronomical Society of the Pacific - 1974
  • Константин Циолковски медал - доделен од страна на Советското здружение на космoнаути
  • Locus Award 1986 - Contact
  • Lowell Thomas Award - Explorers Club - 75th Anniversary
  • Masursky Award - American Astronomical Society
  • Miller Research Fellowship - Miller Institute (1960–1962)
  • New Jersey Hall of Fame - 2009 inductee [17]
  • Oersted Medal - 1990 - American Association of Physics Teachers
  • Peabody Award - 1980 - PBS series Cosmos
  • Prix Galbert - The international prize of Astronautics
  • Public Welfare Medal - 1994 - United States National Academy of Sciences
  • Pulitzer Prize for General Non-Fiction - 1978 - The Dragons of Eden
  • The San Francisco Chronicle Award - 1998 - Contact
  • Named the "99th Greatest American" on the 5 јуни, 2005, Greatest American show on the Discovery Channel.
DarkAngelMKD
DarkAngelMKD
Администратор
Администратор

Број на мислења : 145
Join date : 2010-10-03
Age : 34
Местолокација : Струга

http://www.saad.con.mk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот